Потопената камбанарија во градот Калјазин во Тверската област, на 200 километри од Москва, е многу необична и впечатлива знаменитост. Многу туристи кои ја фотографираат за спомен не знаат дека под водата се кријат остатоци од манастир во кој некогаш живеела голема обител. .
Камбанаријата на Каљазинскиот манастир
Legion MediaМакариевскиот манастир „Св. Троица“ е основан во 1434 година, а неговите главни камени градби се појавиле во XVI век. Тоа бил споменик на црковната архитектура пред Петар Велики и духовен центар околу кој и никнал градот Каљазин.
Покрај тоа, овој манастир со своите моќни ѕидини бил сведок и на значајни историски настани. Дури во Сматното доба им одолеал и на трупите на Лажниот Димитриј II. Многу цареви, од Иван Грозни до Петар Велики и Александар II, доаѓале да се поклонат на моштите на светиот преподобен Макариј Каљазински, основачот на овој манастир. А царот Алексеј Михајлович приложил значителна сума пари за манастирот.
Макариевскиот манастир „Св. Троица“ во 1920-тите
Музеј на архитектурата „Шчусев“Во 1920 година, советската власт го затвори Макариевиот манастир. Како и во многу цркви и манастири, во него е основан роднокраен музеј, а потоа и прифатилиште за незгрижени деца и одморалиште за работници.
Храмот „Св. Троица“, 1920-тите
Музеј на архитектурата „Шчусев“Поголемиот дел од манастирот беше срушен во 1940 година, а потоа поплавен. Денеска остана само камбанаријата, како и еден пар „манастирски острови“ кои се гледаат над површината на водата.
Рушењето на манастирот, 1940.
Музеј на архитектурата „Шчусев“Истата судбина снајде и дел од градот Каљазин и многу други околни села. Сето ова е направено заради изградбата на Угличката хидроцентрала на Волга и Угличкото вештачко езеро. На поплавената територија се најдоа уште околу 30 стари цркви и манастири.
Ентериерот на храмот „Св. Троица“
Музеј на архитектурата „Шчусев“За среќа, од Макариевиот манастир на време беа евакуирани уникатните стари фрески.
На левата страна: „Првородниот грев“, на десната страна: „Протерувањето од рајот“
Музеј на архитектурата „Шчусев“Во средината на XVII век, најдобрите царски иконописци ја сликаат црквата „Св. Троица“ на Макариевиот манастирот. Иконописците ги насликале ѕидовите на црквата со сцени од Стариот Завет на влажен малтер. Меѓу нив се фреските „Протерувањето од рајот“ и „Изградба на вавилонската кула“.
„Јоаким и Ана со жртвеното јагне
Музеј на архитектурата „Шчусев“Биле насликани и многу ретки неканонски сцени поврзани со Пресвета Богородица (на пример, како нејзините родители Јоаким и Ана го напуштаат храмот).
На фреските има и сцени од животот на Христос, разни светци, па дури и од патронот на манастирот, царот Алексеј Михајлович.
„Коњ бел и коњ црн“
Музеј на архитектурата „Шчусев“Иконописците ја прикажале и сцената на Апокалипсата, која е прилично ретка во руското црковно сликарство. Уникатна е и фреската „Коњ бел и коњ црн“. Сите фрески зафаќале површина од околу илјада квадратни метри и имале исклучителна уметничка вредност.
Лево: „Богородица“, десно „Спасителот на престолот опкружен со небесните сили“
Музеј на архитектурата „Шчусев“И спасувањето на фреските беше единствен настан. Во декември 1939 година вработените од Музејот на архитектурата при Академијата за архитектура на СССР беа испратени во Каљазинскиот манастир, кој веќе беше подготвен за рушење.
На -30 степени Целзиусови во темниот храм и без греење цела зима, сé до февруари 1940 година, ги симнуваа фреските од ѕидовите. Тоа го правеа на следниов начин: по периметарот на фреската сечеа лента широка 6-8 см, па со чекан нежно го одвојуваа малтерот од камените ѕидови заедно со фреската. На задната страна поставуваа рамни плочи со газа и внимателно ги ставаа симнатите фрески на подот.
„Изградбата на вавилонската кула“
Музеј на архитектурата „Шчусев“Потоа фрагментите на церади беа превезени со чамец на другиот брег на Волга, во делот на Каљазин што не беше поплавен.
Фрески положени на подот во импровизираната реставраторска работилница во Богојавленската црква во Каљазин
Музеј на архитектурата „Шчусев“Таму во топлата Богојавленска црква фреските беа поставувани на нова подлога, а дотраените делови повторно лепени.
Павел Јукин нанесува соодветна нијанса на боја на композицијата „Изградбата на вавилонската кула“ која е поставена на нова подлога
Музеј на архитектурата „Шчусев“На тој начин стручњаците предводени од реставраторот Павел Јукин спасија 150 квадратни метри фрески. Поголемиот дел припадна на колекцијата на Музејот на архитектурата, а некои фрагменти беа пратени во други музеи и магацини.
Поради војната, тие фрески никогаш не беа изложени. Стоеја во магацинот прицврстени на дрвени решетки. Реставрацијата започна дури по дваесетина години. Новиот тим за реставрација во 1967-1974 година ја отстрани од фреските нечистотијата и мувлата. Се покажа дека Јукин и неговите иконописци додавале боја на изгубените фрагменти од фреските за да изгледаат што е можно поубаво за изложбата, па новите реставратори ги отстранија сите дополнителни интервенции.
Експозицијата со фреските во Музејот на архитектурата
Музеј на архитектурата „Шчусев“Подоцна се покажа дека во текот на 1940-тите за зачувување на фреските се користел лепак на база на брашно, што довело до биоконтаминација на површината. Се појавија и деламинации (поделба на слоеви) и скршеници. Така, во 1980-тите, започна нова повеќегодишна фаза на макотрпна реставрација под раководство на Владимир Бури.
Повеќето од зачуваните фрески за прв пат беа јавно изложени во 2020 година. Изложбата „Каљазин. Фреските на поплавениот манастир“ сега е дел од постојаната поставка на Музејот на архитектурата „А. В. Шчусев“ во Москва.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче