7 ремек-дела на Николај Рерих за кои апсолутно треба да знаете

Николај Рерих/Нижегородский художественный музей; Public domain
Сликар, мислител, археолог - неговите таленти се манифестираа во најразлични области. Во секоја од нив остави впечатлив белег. Како во сферата на духовните потраги, така и во театарот, како и во занимавањето со историјата на Русија, така и во истражувањето на артефактите од древните епохи.

„Гласник. Се крена род на род“, 1897.  

Идниот сликар детството и младоста ги поминува во Петербург. Летото со семејството оди на имотот Извара, каде што учествува во ископувањата на локалните кургани и ги проучува легендите поврзани со нив. Таму ги смислува и своите први слики, меѓу кои и платното „Гласник“ за непријателството меѓу словенските племиња. Ова дело му го носи на Николај Рерих звањето сликар во Императорската Академија на уметностите, а колекционерот Павел Третјаков го откупува за својата галерија.

„Прекуморски гости“, 1900.

Ученикот на Архип Куинџи по дипломирањето на Императорската Академија на уметностите есента 1900 година заминува во Париз на усовршување во ателјето на Фернан Кормон. Францускиот мајстор е првиот што ја гледа скицата за сликата „Прекуморски гости“. Неколку години претходно Рерих патува по новгородскиот трговски пат, замислувајќи како некогаш одамна таму пловеле бродовите на Варјазите.

Ризницата на ангелите“, 1905.

Во 1903 година сликарот го посетува имотот на кнегињата Тенишева, каде што треба да го украси ентериерот на главното здание. Рерих е длабоко импресиониран од тамошната црква на Светиот Дух. Тој смета дека може да создаде нешто слично на древните храмови на Новгород и Ростов. И неколку години подоцна почнува да слика. Се смета дека тој ја слика „Ризницата на ангелите“ за гробницата на кнезот Вјачеслав Тенишев, прикажувајќи го „каменот од аголот“ на универзумот, кој содржи добро и зло и го чуваат ангели. Ова дело му носи меѓународно признание на уметникот: сликата е изложувана во Париз, Лондон, Виена, а повеќе од 10 години поминува во њујоршкиот музеј „Рерих“. 

„Половецки табор“, 1909.

На почетокот на ХХ век се манифестира уште една страна на неговиот талент - во креирањето сценографии и костими за театарски претстави. Првото искуство на ова поле е претставата „Тројцата мудреци“ во петербуршкиот Стар театар. Тогаш Рерих е забележан од познатиот импресарио Сергеј Дјагилев и во 1909 година го поканува уметнички да ги осмисли претставите на „Рускиот балет“ во Париз. За операта „Кнез Игор“ Рерих прави костими и неколку варијанти на декорации кои го прикажуваат половецкиот табор во самрак. Публиката најпрвина ја гледа вокално-балетската свита „Половецки игри“ на музика на Бородин. Дјагилев не згрешил во изборот: европската публика буквално полудува по оваа претстава. До 1920 година се одржани петстотини претстави. А овој декор од „Половецките игри“пред три години го набави Третјаковската галерија.

Ѕидините на тврдина“, 1925.

Заедно со сопругата Елена и синот Јурик сликарот во 1923 година тргнува на патување по Централна Азија. Индија, Кина, Алтај и Сибир, Тибет, Монголија -  пет години трае запознавањето со нивните култури. За време на патувањето сликарот прави околу петстотини слики, вклучувајќи ја и серијата „Свитата на Маитреја“ - сликарски размислувања за доаѓањето на Будата на иднината и почетокот на мирното доба, кога луѓето ќе работат заедно во ашрами за доброто на човештвото

„Тангла“, 1943.

Патувањето по Тибет го инспирира уметникот да создаде серија слики со импресивни планински пејзажи. Кон крајот на 1927 година, Рерих ќе го види Тангла, еден од најголемите планински системи во Тибет. Се смета дека токму таму се наоѓа Шамбала.

TerraSlavonica. Земја словенска“, 1943.

Сликарот во 1935 година се преселува во Индија. Ќе наслика над илјада слики, ќе напише две книги, неговите дела се изложувани во најголемите галерии на светот, во Париз е отворен негов личен музеј... Во исто време, уметникот се обидува да се врати во својата татковина, но на своите писма не добива никаков одговор. Не ја дочекува дозволата да се врати во Русија и починува на 15 декември 1947 година.

Николај Рерих

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња