На 25 октомври 2023 година Московскиот музеј на современа уметност отвори изложба посветена на овошјето и зеленчукот во уметноста на руските сликари.
Сите дела се создадени во ХХ и XXI век. Изложбата во целина го истражува односот меѓу човекот и природата и симболичките значења на плодовите во различни култури и периоди.
Уметницата Екатерина Јаковлева во 2021 година направи инсталација на џиновска пиперка. Инсталацијата го носи и соодветниот назив „Лута пиперка“, а направена е од шамот (огноотпорна калцинирана глина) и е дел од Екатеринината серија „Плодовите на Земјата“. Нејзини дела можат да се сретнат и во Државниот Дарвинов музеј во Москва, а покрај тоа, дел се и од приватни колекции во Русија, САД, Израел и источна Европа.
„Златниот подарок“ е уметничко дело на Вадим Гринберг и датира од 1980-тите. Уметникот од Одеса доби признание од истакнати критичари и уметници како Џеф Кунс, Дејвид Хокни и Демијан Херст, кои сите поседуваат дела на Гринберг.
„Лет“ на Андреј Гросицки изгледа прилично збунувачки, но неговите дела често прикажуваат еден единствен објект кој постои на работ на реалноста и фантазијата. Уметникот често го нарекуваат еден од основачите на рускиот поп-арт. Сега делата на Гросицки се изложени во Третјаковската галерија, Државниот руски музеј, Државниот музеј на ликовни уметности и многу други истакнати установи.
Серијата со наслов „Јаболка и ѕвезди за Нина К.“ на Владимир Саљников е посветена на неговата поранешна сопруга и уметница Нина Котел. Тие поминаа 35 години заедно и беа не само пар, туку и уметничко дуо.
Саљников го започна својот уметнички пат како апстракционист. Во младоста го читал списанието „Америка“ и почнал да создава апстракции, такви што неговите родители сериозно се исплашиле за менталното здравје на нивниот син, мислејќи дека е ментално болен.
Уметникот Сергеј Зарва во своите дела ги толкува визуелните елементи на советскиот период (исто како ни плакатот подолу). Заедничка карактеристика на делата на Сергеј е неговата тенденција да ги превртува своите ликови – и тоа буквално, ако погледнете подобро.
Ова не е целосен список на сите уметници претставени на изложбата. Има и дела од Павел Леонов, Зураб Церетели, Роберт Фалк, Олег Целков и многу други.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче