Russia Beyond (Владимир Песња/Sputnik; Виталиј Белоусов/Sputnik; Gezett/ullstein bild via Getty Images; Image Source/Getty Images; Jamie Grill/Getty Images)
Алексеј Иванов
Russia Beyond (Кирил Калиников/Sputnik)Алексеј Иванов е „самоникнат“ уралски писател кого не го интересираат литературните кругови на престолнината и чии дела се надвор од литературниот „мејнстрим“. Секој негов нов роман е исклучително емотивен и лесно може да се преточи во филм. Затоа неколку негови книги се веќе екранизирани.
Импресивен е дијапазонот на теми, жанрови и историски епохи што ги опфаќа писателот:
Една од најважните особености на Иванов е неговиот грижлив труд на јазикот, и неговата педантна стилизација во согласност со определени историски периоди. Ако тој, на пример, пишува роман за средновековно сибирско племе, тогаш романот ќе изобилува од лексика од јазикот на тие племиња.
Алексеј Саљников
Russia Beyond (Гаврил Григоров/TASS)За Саљников велат дека е најголемо литературно откритие на 2010-тите. Овој уралски писател и поет се прослави со романот „Петрови во грипот и околу него“ објавен во 2016 година. Ова е приказна за едно обично провинциско семејство кое во новогодишната ноќ заболува од грип и во бунило започнува да халуцинира, сеќавајќи се на минатото, по што им се брише границата помеѓу просторот и времето.
Романот стана бестселер, а критичарите пишуваа дека Гогољ и Булгаков му аплаудираат на Саљников поради свежината на јазикот и неговиот поглед на литературата.
На филмскиот фестивал во Кан во 2021 година голем успех доживеа премиерата на филмската адаптација на оваа книга во режија на Кирил Серебреников. Исто така треба да се споменат и други негови дела:
Борис Акунин
Russia Beyond (Николај Галкин/TASS)Јапонологот Григориј Чхартишвили се занимава со преведување многубројни дела од јапонската книжевност, како и со повеќетомното амбициозно дело „Историја на руската држава“, во кое се обиде фактите да ги исчисти од идеолошките излагања на историчарите од минатото,
Авторот им е познат на читателите под псевдонимот Борис Акунин, творец на популарниот руски детектив Ераст Фандорин. Во серијата од околу дваесет детективски приказни харизматичниот аристократ од крај на 19 и почетокот на 20 век час спасува дама, час цела Русија. Секако оваа серија детективски приказни треба да се прочита во целина, но најнеобични романи се:
Виктор Пелевин
Russia Beyond (Владимир Солнцев/TASS)Тој е најмистериозниот риски писател кого никој не го видел во живо веќе дваесет години. Меѓутоа, тој секоја година на својот издавач по мејл му испраќа нов роман, а критичарите и бројните обожаватели секоја есен полемизираат дали романот е генијален или осреден. Секоја нова книга задолжително содржи сатиричен поглед на современото секојдневие, без оглед на тоа дали станува збор за ајфон, за маска за заштита од коронавирус или за феминизам и, секако, содржи елементи на антиутопија. Колку само вреди називот на најновиот роман – „КГБТ+“.
Пелевин во голема мера се прослави уште во деведесеттите години од минатиот век и ги напиша своите најпознати дела:
антиутопијата „Омон Ра“, за советско момче коешто мечтае да стане космонаут, и за апсурдот на советскиот начин на живот,
првиот руски „зен-будистички“ роман „Чапаев и Празнината“ е мешавина на апсурд, баналност и иронија. Дејствието се одвива за време на Граѓанската војна во Русија и во Русија од времето по Перестројката, односно средината на 1990-тите,
култниот бестселер „Генерација ’П’”, во кој еден дипломец на Московскиот факултет за руска книжевност се наоѓа во светот на рекламата, парите, криминалот и сексот.
Владимир Сорокин
Russia Beyond (Владимир Песња/Sputnik)Овој руски писател кариерата ја започна во московскиот „андерграунд“ во текот на осумдесеттите години од минатиот век. Според мислењето на критичарите, тој од ликовната уметност во книжевноста ги воведе концептуализмот и социјалната уметност. Неговите книги се остра сатира и антиутопија, а некои од предвидувањата дури, по некакво чудо, речиси во целост се остварија. Сорокин често во своите романи создава амбиент на „нов среден век“ и истовремено своите јунаци ги сместува, на пример, во иднината по нуклеарна војна („Доктор Гарин“).
Неговите стории се толку провокативни и „предизвикувачки“ што младинското движење дури и организираше протести на кои палеа цитати од книгите на Сорокин. Многу години подоцна Сорокин на тоа одговори со романот „Манарага“ во кој книгите на готвачите им служат како гориво со кое подготвуваат скапи јадења за богаташите.
Меѓу другите значајни дела на Сорокин се и:
Гузељ Јахина
Russia Beyond (Александар Крјажев/Sputnik)Дебитантскиот роман на Гузељ Јахина „Зулејха ги отвора очите“ стана вистински блокбастер. Собирајќи архивска граѓа за депортацијата на Татарите во Сибир за времето на Сталин, таа произволно ги толкува во уметничка проза, комбинирајќи ги со сеќавањата на својата баба. Од една страна ова е книга за страшните репресии, а од друга, за тоа дека и во страшни услови човек може да се најде себеси и својот пат и да го изгради својот живот. Врз основа на романот во 2020 година снимена е серија која предизвика скандал и незадоволство кај претставниците на муслиманската заедница во Татарстан.
Читателите жедно ги „голтаат“ романите на Јахина кои лесно се екранизираат (таа дипломирала на Факултетот за сценарио на Московската филмска школа), но критичарите ѝ забележуваат поради користењето очигледно чувствителни теми. Нејзините следни два романи исто така ги допираат горливите теми на советската историја:
Евгениј Водолазкин
Russia Beyond (Виталиј Белоусов/Sputnik)Евгениј Водолазкин, студент на академикот Дмитриј Лихачов, доктор по филологија и стручњак за староруска книжевност, стана еден од најпопуларните и мошне признати современи руски писатели. Неговите романи се преведени на многу светски јазици.
Бестселерот „Лавр“ на Водолазкин му донесе голема слава. Романот зборува за средновековен младич кој ја изгубил саканата жена. Без сила да се избори со тагата тој го посветува својот живот на служење на Бога и тргнува во своевидна духовна одисеја по земјата. Се одрекува од сите свои желби, им служи на луѓето, станува јуродив, па дури и добива дарба да ги исцелува болните. Меѓународните критичари се сложија со мислењето дека ова е една од најдобрите книги за Бога во последно време.
Сите романи на Водолазкин се мошне различни и оригинални, но заедничко им е тоа што ги истражуваат минатото и сегашноста, прашањето на историјата и на текот на времето. Такви се:
Захар Прилепин
Russia Beyond (Јевгениј Бијатов/Sputnik)Денес Прилепин е политичар, јавна личност, телевизиски водител и, секако, голем писател. Освен тоа, неговата креативна енергија ја изразува низ снимање песни со рапери, или низ водење литературни секции во Московскиот уметнички театар „Максим Горки“. Моментално е повеќе свртен кон документарна работа и пишување биографии на писатели.
На почетокот беше припадник на рјазанскиот ОМОН, а неговите раскази и романи претставуваа „момчешка“ проза за животот и за моралот на обичниот народ. Многу од нив се засновани на настани од биографијата на писателот. Ова се некои од нив:
Марина Степнова
Russia Beyond (Валериј Шарифулин/TASS)Степанова израснала во семејство на лекари, работела како медицинска сестра на онколошко одделение кога имала само 15 години, и таму видела „вистински и страшни човечки страдања“. Подоцна завршила на насока за превод и литература за потоа со години да работи како уредник во списанието за мажи XXL. По гаснењето на списанието започнува да пишува книги и денес може да се каже дека таа ја продолжува традицијата на големиот руски роман. Цртите на квалитетна проза се забележуваат во многу нејзини дела, како што се:
Људмила Улицкаја
Russia Beyond (Gezett/ullstein bild via Getty Images)Методот на Улицкаја е да го следи животот на едно семејство низ неколку генерации во контекст на историските настани. Таа посветува внимание на влијанието на политиката и на владејачкиот режим (особено тоталитарен) на човековата судбина, и притоа пропагира хуманизам и љубов.
Во еден момент изјави дека од неа повеќе не треба да се очекуваат нови романи, но читателите се надеваат дека ќе биде објавен барем зборник раскази и во меѓувреме повторно ги читаат нејзините најважни романи:
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче