Рускиот писател Евгениј Водолазкин гостуваше во Македонија

Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија
На Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, во организација на издавачката куќа „Антолог“ и Катедрата за славистика при факултетот, се одржа средба со познатиот руски писател Евгениј Водолазкин.

Средбата со писателот Евгениј Водолазкин беше на тема „Неколку размисли за современиот роман“.

Воведна реч за Водолазкин одржа проф. д-р Венко Андоновски.

Размислувањата на Водолазкин за многу прашања како што се романот, времето, животот и историјата, искажани со едноставен и ненаметлив стил, проткаен со спонатност и филозофија, побудија нескриен интерес кај присутните.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Александрович Баздникин.

Во оваа пригода на Евгениј Водолазкин му беше доделена наградата BookStar2019 за романот „Авијатичарот“.

Претходно, во вторникот, 8 октомври, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје беа промовирани неговите романи „Авијатичарот“, „Соловјов и Ларионов“ и „Лавр“.

Гостувањето на Водолазкин во Македонија беше во рамките на Фестивалот на европската литература „BookStar2019“ во организација на издавачката куќа „Антолог“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња