Ермитаж продава фрески од Рафаеловата школа преку NFT

Ермитаж, 2023.
Најголемиот музеј на уметноста во Русија интензивно воведува нови технологии и ја поддржува идејата за дигитална уметност. Во септември 2023 година Ермитаж стави на продажба токени со дигитални верзии на уникатни дела од колекцијата на музејот.

Ермитаж стави на продажба фрески од XVI век од својата колекција. За 135 илјади рубли сега секој може да купи дело на учениците на Рафаел. Но, не физичка копија, туку дигитален токен NFT.

Музејот започна проект за дигитализирање на вечната класика, и денес во продажба се токени со три неодамна реставрирани фрески: „Венера и Купидон на делфини“, „Венера вади трн“ и „Венера и Адонис“. Последната е веќе продадена!

„Венера и Адонис“, пред и по реставрацијата.

Стручњаците на Ермитаж пет години работеа на реставрација на фреските, откривајќи го оригиналниот слој на боја под бројните подоцнежни слоеви кои ја промениле и композицијата на делото, и самата смисла на дејството. Уникатноста на овие токени е што содржат слики од фреските пред и по реставрацијата - нешто што сега физички не може да се види.

„Венера и Купидон на делфини“, пред и по реставрацијата.

„Ние во Ермитаж сме големи љубители на иновациите“, вели директорот на музејот Михаил Пиотровски. „Следниот проект е посветен на употребата на најновите технологии за развој на музејската дејност и креирање уникатни производи. Промените на фреските кои се бележат во фазите на реставрацијата, а потоа се губат, сами по себе претставуваат извонредна приказна. Тоа е и поентата на NFT, да направиме нешто уникатно, нешто што никогаш не било и што никогаш повеќе нема да го биде“.

„Венера ја соблекува сандалата“ (пред реставрацијата) и „Венера вади трн“ (по реставрацијата).

Токените можат да ги купат ограничен број луѓе и тие се здобиваат со дигитални права на NFT уметничките дела. Се смета дека тоа е инвестициски инструмент бидејќи сопствениците на такви уникатни NFT може да се разменуваат со други сопственици и исто така можат да ги продаваат своите дигитални права на други.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња