Ова е ВТОРАТА НАЈСТАРА зачувана руска икона!

Оваа уникатна икона на Светиот великомаченик Георгиј од Успенската црква на Московскиот Кремљ е втората најстара меѓу сите зачувани руски икони! Насликана е во Велики Новгород на преминот од XI во XII век.

Свети Ѓорѓи е еден од најпознатите масовно почитувани свети војници. Тој е светец-заштитник на Москва и неговиот лик зазема посебно место во руската уметност.

Во XVI век иконата била префрлена од Новгород во Москва, најверојатно по желба на Иван Грозни. Оттогаш се чува во Кремљ. Меѓутоа, ликот на Свети Ѓорѓи се наоѓал на задната страна на дрвената табла. На предната страна е прикажана Богородица Одигитрија. Ликот на Богородица е обновуван неколку пати, додека ликот на Ѓорѓи во средниот век, кога потемнел, бил премачкан со слој мрсна боја. Повторно е пронајден дури во триесеттите години на минатиот век. Го открил советскиот реставратор Василиј Кириков и внимателно го исчистил од нанесениот слој на боја.

До 20 август оваа уникатна реликвија и други прикази на свети Ѓорѓи, меѓу другото, ќе бидат дел од изложбата „Небесна војска. Лик и поклонение“ во Музеите на московскиот Кремљ.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња