Мислата „Во Русија има две несреќи - будали и патишта“ не ја изрекол Гогољ!

Јавен домен
И ја нема во ниту едно негово дело.

Споменатата мисла до деведесеттите години на минатиот век не можеше да се најде во ниту еден текст објавен на руски јазик.

Се појави кон крајот на осумдесеттите, по настапот на сатиричарот Михаил Задорнов со монологот „Земја на херои“ кој ги содржи и следниве зборови: „Н. В. Гогољ напишал: Во Русија постојат две несреќи - патишта и будали. Ете, таа завидна истрајност ја сочувавме до наши денови“. Монологот е објавен во 1989 година.

Истражувачот на цитати Константин Душенко потсетува дека овој цитат е спомнат како Гогољев во говорот на Вториот конгрес на народните пратеници на СССР (15 декември 1989 година) на Виктор Филипов, пратеник од Република Кома: „Николај Васиљевич Гогољ речиси пред 150 години рече дека Русија ја попречуваат две работи - лошите патишта и будалите. За време на перестројката сите малку се опаметивме, но патиштата, особено во селата, и понатаму се лоши“.

Но, тоа се случи откако монологот на Задорнов стана познат, токму на крајот на 1989 година. Затоа, говорот на пратеникот е речит пример за тоа како креацијата на Задорнов стануваше популарна. Мислата за „будалите и патиштата“ веднаш им се допадна на новинарите и публицистите и благодарение на нив се устоличи во свеста на најшироките слоеви како „гогољевска“.  

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња