Филмот „Тетрис“ на Apple TV+: Што е стварно, а што измислено за Русија и Русите

Apple TV+
Филмот зборува за настанувањето на ширум светот популарната игра, за рускиот инженер Алексеј Пажитнов и за борбата на меѓународните корпорации и советската држава за неговиот изум. И иако биографијата на главниот јунак не е „збогатена“ со измислени детали, Русија е прикажана според моделите од времето на Студената војна.

Вистина: Пажитнов е творецот на играта што го освои светот

Темелите на една од најпопуларните игри во историјата ги има поставено советскиот инженер Алексеј Пажитнов кого го игра рускиот глумец Никита Ефремов. Пажитнов бил вработен во компјутерскиот центар на Академијата на науките, а Тетрис ја осмислил во 1984 година на компјутер „Електроника 60“. Во филмот, секако, вели дека на играта работел ноќе, иако на идејата за Тетрис Пажитнов дошол, меѓу другото, решавајќи вонредни работни задачи.

Занимавајќи се со проблемите на вештачката интелигенција и на препознавањето на говорот, рускиот научник користел логички игри, вклучувајќи и пентамино. Меѓутоа, блоковите со пет квадратчиња беа премногу комплицирани за компјутерските капацитети од тие времиња, па требаше да се мине на тетрамино, благодарение на коe на крајот се појави Тетрис. На руската трага во историјата на Тетрис алудира и музиката, која меѓу другото се слуша и во филмот, 8-битна верзија на нардоната песна „Коробејники“.

А, да кажеме, пријателот на Пажитнов, психологот Владимит Похиљко, кој според некои мислења има одиграно важна улога во создавањето и во промоцијата на Тетрис, воопшто не се ни појавува. Таа приказна творците на филмот многу помалку ги интересира од подоцна настанатите меѓународни борби за правата за ширум светот популарната игра.

Вистина: Борба за Тетрис

Дејствието во филмот во режија на Џон Бејрод започнува во 1988 година кога Хенк Роџерс, холандски бизнисмен кој долго живеел во САД и на крајот со сопругата и со децата се преселил во Токио, на изложбата на дигитални достигнувања во Лос Анџелес видел странска верзија на Тетрис и открил дека може да ги купи правата за играта за Јапонија.

Корпорацијата Нинтендо била во тој момент во потрага по нови производи. Само што приказната за правата излегува дека е мошне покомплицирана, на што Бејрод и се фокусира во своето остварување.

Во филмот, како и во животот, во регулирањето на правата за сите можи начини за користење на Тетрис во различни земји кое траело неколку години, биле вклучени не само Роџерс кој во играта ја вложил својата заштита и недвижностите, но и британскиот медиумски магнат Роберт Максвел, и секако советската државна корпорација „Елорг“ (или „Электроноргтехника“) главен носител на правата. Самиот Пажитнов од играта во советско време не добил никакви пари.

Измислено: Москва во осумдесеттите години од минатиот век

Главната линија на дејствието во „Тетрис“ се одвива во Москва (1988-1989) која ја „одигра“ најголемиот шкотски град Глазгов, каде, меѓу другото, е и снимен филмот. И додека другите градови во овој географски богат филм изгледаат прилично маркантно и светло, советската престолнина, секако, изобилува со сите нијанси на сиво. И сето тоа не се однесува само на „спалните“ и на блоковите со повеќекатниците, каде што живее Пажитнов, со неизоставната „капа ушанка“ на главата, ами и на централните градски улици во кои приземните бараки со фирми „Книги“, „Риба“ и „Бакалница“ илустрираат голем дефицит на стока за широка потрошувачка. Заедно со една жена во тексас-јакна која вика како нејзиното семејство гладува, и која од сигурна смрт на улицата ја спасува интелигентниот, вработен во државно претпријатие во кое од плата добро се живее, Пажитнов.

Хотелот „Транслинк“ во кој се сместува Хенк Роџерс не може да се пофали со услугата, вработената на рецепција без насмевка ги дава клучевите, а такси од хотелот може да се добие само за цигари „Волга“. Москва, во времето на перестројката, која тогаш веќе започна во СССР не беше дури ни близу во таков очајнички пад. Иако некаде на половината од филмот тоа и се зборува и се прикажува андерграунд-журка на која младите луѓе сонуваат за слобода, за Кока-кола, за фармерки Левис и играат на The Final Countdown.

Измислено: Црн автомобил на КГБ

Странецот Роџерс во земјата на Советите, секако, константно го следат. Тоа било сосема можно и во време на перестројката, зашто до ревизијата на работата на КГБ дојде дури во 1991 година. Меѓутоа, во филмот службениците на државната безбедност стануваат речиси клучни актери кои и стојат зад сите јазли за Тетрисот што не можат да се размрсат. Москва во времето на перестројката едноставно е преполна со разузнавачи и црни автомобили („црни гаврани“, истите оние што своевремено ги возеа енкаведовците и кои влеваа страв во коските на населението). Освен нив и гладната жена, на улиците на престолнината нема никој. Во хотелот „Транслик“ Роџерс ја среќава преведувачката (Софија Лебедева од серијата „Мекмафија“ и „Викинзи: Валхала“), која како и да се земе ја има врбувано КГБ. Главниот негативец во „Тетрис“ го одигра рускиот глумец Игор Грабузов кој од адски началник на советската држава на безбедноста го направи речиси „Џокер“.

Вистина/Измислено: Горбачов и неговата улога во „Тетрис“

Медиумскиот магнат Роберт Максвел за време на првото појавување започнува да се расфрла со своето познанство со генералниот секретар на партијата Михаил Горбачив што на прв поглед се доживува исклучиво како шега, меѓутоа, Горбачов навистина го познавал Максвел и се обидувал да му помогне во борбата за Тетрис.

Ваквиот интересен факт не можел да не најде место во филмот, па затоа некаде при крајот на филмот, притоа на Црвениот плоштад, на парада, под портретот на Ленин се појавува генералниот секретар на ЦК на КПСС. Го игра на извртен руски британскиот глумец Метју Марш. Но, неговиот јунак тука воопшто не е важен аргумент за решавање на прашањата за Тетрис, но е алка со крајот на филмот кој очајнички се обидува да ја вгради играта во политички контекст и да докаже дека борбата за изумот на Пажитнов имала важна улога во распадот на Советскиот Сојуз

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња