Шоанинскиот храм, X век.
Alex Svirkin (CC BY-SA)Христијанството се појавило на Кавказ уште пред создавањето на Руската држава. Во VI век од Византија дошло во државата на древните Алани (денешни Северна Осетија и Карачаево-Черкесија), а својот врв го достигнало во средината на X век и од тоа време се зачувани неколку уникатни храмови кои се денес најстарите во Русија.
Сентинскиот храм
Polkotoff (CC BY-SA)Оваа црква, на брегот на реката Теберда во Карачаево-Черкесија, е основана во 965 година. Еднокуполната базилика била обновена во XIX век, а во советско време служела како детски интернат, по што била напуштена.
Внатрешноста на Сентинскиот храм
Polkotoff (CC BY-SA)Во трошниот храм се зачувани древните фрески. Сега е во тек реставрација.
Комплексот од три храма изградени во Х век се наоѓа во селото Нижни Архиз во Карачаево-Черкесија. Се верува дека токму на ова место се наоѓал изгубениот град Магас, кој бил престолнина на древна Аланија. Во 1802 година рускиот генерал Алексеј Потемкин бил првиот што обрнал внимание на урнатините на населбата Нижни Архиз и ги направил првите скици на храмовите.
Скици од 1891 година.
Ј. И. ФесенкоЗа разлика од базиликите кои доминираат овде, овие цркви се крстокуполни и имаат посложена конструкција. Северниот храм бил соборна црква на Аланската епархија на Византиската црква и најверојатно бил посветен на Свети Николај Чудотворец.
Северниот храм
Anna Kotelnikova (CC BY-SA)Средниот храм веројатно бил посветен на Христос Спасителот. На неговите ѕидови се зачувани фрагменти од фрески, а во XIX век станал соборен храм на новиот манастир „Св. Александар Невски“ и во него се вршеле богослужби.
Средниот храм
Anton Zelenov (CC BY-SA)За најстар од овие три храма се смета Јужниот храм. Во XIX век и тој станал дел од манастирот и во голема мера е обновен.
Јужниот храм
Денис Абрамов/SputnikОсветен е во чест на пророкот Илија во 1991 година и денес во него се вршат богослужби.
Шоанинскиот храм
Polkotoff (CC BY-SA)Ова е уште еден древен храм на Аланската епархија на територијата на денешна Карачаево-Черкесија. Изграден е во Х век на падините на планината Шоана, која некогаш била многу населено место. На крајот на XIX век храмот бил доделен на манастирот „Александар Невски“.
Ерменската црква во Дербент
Сулим Кудусов (CC BY-SA)Грузиската и ерменската црква се грижеа за духовниот напредок на жителите на планините Дагестан. Оваа црква е изградена во древниот град Дербент во 1860 година.
Покрај тоа, во Нарин-Кала, најстарата тврдина во Дербент и цела Русија, постои подземен објект за кој долго време се мислело дека е резервоар за вода, но денес истражувачите веруваат дека тоа бил христијански храм од IV век п.н.е.
И Дербент и Махачкала (главниот град на Дагестан) имале градски градски православни храмови изградени кон крајот на XIX век во времето на Руската империја и уништени во советската ера.
Десно: Соборната црква „Св. Александар Невски“ во Махачкала. Лево: Соборната црква „Св. Георгиј Победоносец“ во Дербент
Шамиљ Магомедов (CC BY-SA); Public domainСоборната црква „Успение на Пресвета Богородица“ на Махачкалската епархија на Руската православна црква била изградена во 1905 година со пари лично издвоени од царот Николај II.
Храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Махачкала
Moneycantbuy (CC BY-SA)Осветена е во чест на Моздочката копија на Иверската икона на Пресвета Богородица, која се смета за заштитничка на Кавказот.
Оваа црква е посветена на иконата на Мајката Божја „Знамение“ и е најголемата православна црква на Северен Кавказ. Изградена е 1903-1904 година во неовизантиски стил во чест на 300-годишнината од династијата Романови. Целиот архитектонски ансамбл ја преживеа советската ера, но внатрешноста на храмот е многу оштетена.
Во 2022 година беше прославена 1100-годишнината од крштевањето на Аланија (историското име на Северна Осетија). Црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, изградена во 1814 година, е најстариот православен храм во градот, бидејќи во советско време во Владикавказ беа уништени неколку православни цркви.
Ова е соборна црква на Владикавкаската епархија и е посветена на Свети Георгиј Победоносец, светец кој особено се почитува во Осетија. Храмот е изграден 1996-2003 година.
Една од најстарите зачувани цркви во Осетија се наоѓа во градот Алагир. Храмот во неовизантиски стил бил изграден во текот на 1850-тите и за чудо избегнал уништување за време на советската ера.
Во Куртатинската клисура во Северна Осетија во 2000 година беше основан Аланскиот манастир, највисокиот планински манастир во Русија. Главниот храм е посветен на Моздочката икона на Пресвета Богородица, заштитничка на Кавказот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче