Какви скулптури се прават од дрво во Русија? (ФОТОГРАФИИ)

Кирил Шипицин/WEACOM.RU
Во Иркутската област се одржа десеттиот Меѓународен фестивал на дрвена скулптура „Лукоморје на Бајкал“ (годинава беше обновен по тригодишната пауза поради ковид).

Повеќе од 40 мајстори од Русија и други земји учествуваа на фестивалот со скулптури од бел бор од сливот на реката Ангара на тема национални јунаци.

Годинава дојдоа мајстори од Иран, Јужна Кореја, Кина, Перу, Аргентина и други земји.

Оваа скулптура „Три витези“ ја изработи литванскиот мајстор Рајмондас Уждравис.

За најдобра скулптура на фестивалот беше прогласена композицијата „Не се сите луѓе никаквеци“ на авторките Александра Ивченко и Александра Алфјорова, скулптори од Воронеж. Делото е инспирирано од случајот на полскиот писател и учител Јанош Корчак, кој го загуби животот во концентрационен логор.

Второто место го освои „Споменик на непознатиот јунак, пронаоѓачот на тркалото“. Автори се Виктор Бељаков и Артјом Дудров од Екатеринбург.

За 10 години колку што се одржува фестивалот во паркот на дрвената скулптура „Лукоморје“ кај Иркутск, направени се повеќе од 250 композиции.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња