Дали знаевте дека всушност има четири „Црни квадрати“ на Малевич?

Russia Beyond (Јавен домен)
Првата „црна точка“ во уметноста е ставена во 1915 година. Малевич го создаде својот „магнум опус“ за култната футуристичка изложба „0.10“, каде што за прв пат она што го правеше го крсти како супрематизам. Под црната боја се кријат уште две слики во боја на уметникот. Денес се наоѓа во Нова Третјаковка.

Вториот „Црн квадрат“ се појави во 1923 година, како дел од триптих заедно со „Црниот круг“ и „Црниот крст“. Важи мислењето дека го сликале учениците на Малевич под негов надзор. Сликата се чува во Рускиот музеј.

Третата варијанта од 1929 година е авторското повторување на првата слика. Малевич ја направи за својата ретроспективна изложба во Третјаковската галерија, по повод триесетгодишнината од неговото уметничко творештво, буквално пресоздавајќи ја. Во оваа галерија се наоѓа и ден-денес.

Четвртата верзија на црниот квадрат е насликана три години пред смртта на уметникот, во 1932 година, за уште една изложба.

Веднаш потоа власта престанува да толерира авангардни експерименти, а во уметноста ќе се устоличи единствениот официјален стил - социјалистичкиот реализам. Оваа верзија на сликата се наоѓа во Ермитаж.

Самиот Малевич велеше за неговото главно дело: „Не можам ни да спијам ни да јадам. Се обидував да разберам што сум направил. Но, не можев“. А потоа напиша десет тетратки филозофски трактати.

А какво чувство имате вие кога ќе се сретнете со црните квадрати на Малевич?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња