Од 1925 до 1935 година во Москва биле изградени 12 фабрики за леб.
Фотографија од фабриката до 1936 година.
Центар „Зотов“ / Прес службаЗемјата гладуваше по револуцијата и граѓанската војна, па советската влада тежнееше да го оптимизира производството на леб. Беа применувани и најнапредните технологии, на пример, кружни фабрики за леб со прстенест транспортер проектирани од инженерот Георгиј Марсаков. Системот се засноваше на кружна фабричка лента со која процесот на печење леб се автоматизираше, а лебот се движеше во круг во фази, спуштајќи се низ кружниот ланец на транспортери, одозгора надолу. Првиот проект на Марсаков беше реализиран во 1931 година на улицата „Ходинскаја“ во Москва и беше означен со реден број 5. Функционираше сé до почетокот на 2000-тите.
Надворешниот изглед на зградата на Центарот „Зотов“.
Центар „Зотов“ / Прес службаЦентар „Зотов“ / Прес службаОва здание е вистински споменик на советскиот конструктивизам.
Надворешен изглед на Центарот „Зотов“.
Центар „Зотов“ / Прес службаЦилиндричната композиција на фабриката е врамена со кули со скалила.
Приземје
Центар „Зотов“ / Прес службаПриземје
Центар „Зотов“ / Прес службаРеставрацијата беше завршена во 2022 година и ја одразуваше не само конструктивистичката архитектура, туку и подоцнежните трансформации на зградата што се случија во процесот на експлоатација и преминот од една историска ера во друга.
Прв кат
Центар „Зотов“ / Прес службаПрв кат
Центар „Зотов“ / Прес службаСега во овој објект ќе биде сместен центар за проучување на конструктивизмот, прв од ваков вид во Русија.
Втор кат
Центар „Зотов“ / Прес службаТрет кат, кино-сала.
Центар „Зотов“ / Прес службаТрет кат
Центар „Зотов“ / Прес службаЦентарот го доби името „Зотов“ во чест на Василиј Зотов, министер за прехранбена индустрија на СССР, кој пред таа позиција беше едноставен пекар и кој ја организираше масовната изградба на фабрики за леб во Москва.
Насликано пано
Центар „Зотов“ / Прес службаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче