Сергеј Дјагилев (1872-1929) се прослави во светот како промотор на руската уметност, пред сé на балетот. Неговите познати „Ballets Russes“ предизвикаа вистинска револуција во европскиот театар и во суштина го создадоа балетот каков што го знаеме денес.
Сценографите и костимографите на преставите на Дијагилев ги дефинираа принципите на сценографската уметност кои важат и денес. Покрај тоа, Дијагилев меѓу првите ја сфати важноста на рекламирањето, организираше отворени претпремиери за новинари и критичари. Ова се некои уникатни кадри од европските изведби на познати балети.
Михаил Ларионов. Плакат за настап на „Рускиот балет на Сергеј Дјагилев“ во парискиот театар „Шатле“, 1917.
Тамара Карсавина во улогата на Жар-птицата во истоимениот балет. Париз, 1910.
Адолф Бољм во улогата на Стрелецот во балетот „Половецки игри“. Париз, 1909.
Сцена од претставата „Руски бајки“. Париз, 1918.
Лидија Соколова во улогата на Избраничката во балетот „Посветувањето на пролетта“. Париз, 1920.
Лидија Соколова и Тадеуш Славински во балетот „Шегобиец“ (Приказна за Буфон). Лондон, 1921.
Тамара Карсавина и Серж Лифар во балетот „Ромео и Јулија“. Руски балет на Сергеј Дјагилев. Монте Карло, 1926.
Алисија Никитина и Серж Лифар во балетот „Мачка“. Лондон, 1927.
Сцена од претставата „Ода“. Париз, 1928.
Сцена од претставата „Приказна за лисицата, петелот, мачката и овенот“. Лондон, 1929.
Проба за балетот „Литургија“. Париз, 1915.
Изложбата „Дјагилев. Генерална проба“ се одржува во Третјаковската галерија до 5 февруари 2023 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче