Непознат уметник. Портрет на принцот Петар Алексеевич, 17-18. век // Лист од тетратката за аритметика на малиот Петар I, 1688-1689.
Wikipedia / Shakko // Public DomainИдниот император почнал да учи веднаш штом проодел. Имал само една година кога освен играчки добил и „забавна книга“ со илустрации на секојдневните обврски. Кога наполнил пет години, неговото образование му било доверено на писарот Никита Зотов, а идниот учител претходно го проверил теологот Симеон Полоцки. На часовите престолонаследникот научил да чита и пишува, се запознавал со Псалтирот, Евангелието и Часословот.
Никита Зотов го подучува Петар I на различни науки. Минијатура од Историјата на Петар I на П. Крекшин.
Public DomainМалиот Петар го заинтересирале прецизните инструменти за мерење, па затоа побарал да му донесат астролаб и да го научат како да го користи. Така го запознал холандскиот трговец Франц Тимерман, кој го вовел во основите на математиката, геометријата, фортификацијата и бродоградбата. Во 1688 година во Измаилово пронашле стара барка и нејзиното „враќање во живот“ било првиот чекор во формирањето на руската флота. Само неколку години подоцна Тимерман организирал патување до бродоградилиштата во Амстердам за Петар Први, а подоцна и самиот се занимавал со бродоградба. Воено-инженериските знаења на Петар му ги всадувале Шкотланѓанецот Патрик Гордон и Швајцарецот Франц Лефор, со тоа што по теоретските предавања следеле практични маневри.
Портрет на великиот кнез Павел Петрович од детството, 1761, Фјодор Рокотов.
Руски музеј / Public DomainСистематското образование на наследниците на дворот на Романови е воведено дури во XVIII век. Дипломатот Никита Панин бил назначен за учител на великиот кнез Павел Петрович со намера од него да направи просветлен монарх кој ќе се разбира во прашањата на политиката и економијата, уметноста и јазикот, историјата и филозофијата. Самиот Панин ги бирал предавачите кои ќе го подучуваат синот на Екатерина II. Така, митрополитот Московски и Коломнски Платон му ја објаснувал на Павел веронауката, Семјон Порошин бил задолжен за геометријата и аритметиката, а италијанскиот композитор Виченцо Манфредини го учел да свири на чембало. Дворјаните ја истакнувале големата ученост на кнезот во сферата на историјата, географијата и математиката, како и фактот дека течно зборувал француски, германски, словенечки и латински. Павел имал на располагање обемна библиотека која му ја обезбедила царицата, обидувајќи се да му всади љубов кон делата на Волтер, Дидро и Монтескје.
„Портрет на великите кнезови Александар Павлович и Константин Павлович“, 1764, Ричард Бромптон // Портрет на Иван Иванович Бецки во пењоар, 1776.
Ермитаж / Public Domain // Ермитаж / Public DomainЕкатерина II лично се грижела за воспитувањето на своите внуци, идниот император Александар I и великиот кнез Константин Павлович. Таа била истомисленичка на англискиот филозоф Џон Лок, кој сметал дека средината во која расте детето влијае на формирањето на неговата личност. Александар и Константин се школувале според „Бабината азбука“, дело во кое царицата ги изложила своите идеи за науката, но и за моралните вредности, т.е. за трудољубието, чесноста и многу други нешта. Таа ги поткрепила своите приказни со поговорки и цитати од антички филозофи. За училишниот план бил одговорен Иван Бецки, личниот секретар на Екатерина II. Комуникацијата со предавачите не била ограничена само на просторијата каде што се одржувала наставата. Александар I, на пример, воспоставил многу блиски односи со наставникот Фредерик Сезар Лагарп. Лагарп дошол од Швајцарија да предава француски и набргу потоа смислил план за обука што го поддржала Екатерина. Десет години бил одговорен за образованието на момчињата и им одржувал часови по географија, историја, право и литература. Посебно внимание посветувал на историјата, античките филозофи и мислители од добата на Просветителството, трудејќи се да им всади возвишени морални принципи на своите ученици.
Наследниците не само што учеле науки, туку и се навикнувале на обична работа во градината и во мајсторските работилници. На пример, Александар Павлович се занимавал со земјоделство и столарија.
„Влегувањето на руските сили во Париз. 31 март 1814“ непознат автор 1815, Санкт Петербург // Николај I, портрет од детството, 1869.
Серуски музеј „Пушкин“ / Public Domain // Алојзиј Рокштуљ / Public DomainСиновите на Павел I - Николај и Михаил, биле подготвувани за воена кариера и затоа за нивното образование биле задолжени првенствено мајори, полковници и генерали, а нив ги предводел началникот на Првиот кадетски корпус Матвеј Ламсдорф. Учениците од царското семејство немале посебни привилегии, за најмали прекршоци биле казнувани, дури и физички. Суровото воспитување во одредена мера го ублажувале другите предавачи. Научникот Василиј Кукољник на великите кнезови им држел часови по Римско и Граѓанско право. Учителот на великите кнегињи Андреј Шторх бил поканет да држи чаосив по политичка економија. Неколку години подоцна, тој напишал учебник врз основа на тие предавања. Со цел проширување на видиците, за Николај и Михаил биле организирани патувања. Најпрво во 1814 година отишле во Париз да видат како се пречекува руската војска, а неколку години подоцна тргнале на патување низ својата татковина.
„Великиот кнез Александар Николаевич на коњ“, 1832, Франц Кригер // Портрет на Василиј Жуковски, 1837, Иван Рејмерс.
Ермитаж / Public Domain // Ермитаж / Public DomainНиколај I паметел колку сурово било неговото школување, па за главен учител на својот син го избрал Василиј Жуковски. Овој темелно ѝ пристапил на работата. Најпрвин отпатувал во странство за да го проучи европското искуство, а потоа составил посебна програма според која принцот Александар се школувал од 8 до 20-годишна возраст, и тоа не сам, туку со уште две момчиња, Јосиф Вилегорски и Александар Паткуљ. Под раководство на Жуковски тие учеле руски јазик, хемија и физика, а за сите други области биле ангажирани најдобрите учители. Часови по право и политика им држел законодавецот Михаил Сперански, статистика, историја и географија им предавал Константин Арсењев, а во економијата ги воведувал стручњакот за финансии Егор Канкрин. Дипломатските вештини ги учеле од Филип Брунов, кој долги години бил емисар на Русија во Велика Британија.
Петнаесетгодишниот цар со својот брат
Конгресна библиотека / Public DomainОбразовната програма за младиот наследник траела 12 години. Наставата се одржувала од девет наутро до пет навечер со паузи за гимнастика, ручек и прошетка. Александар III, таткото на Николај, се придржувал до исклучително едноставен принцип: „Не ми треба порцелан. Ми требаат нормални, здрави руски деца“. Карл Хис, предавач по англиски јазик, многу помогнал во тоа. Покрај часовите по странски јазик, тој организирал и часови по фискултура и на учениците им ја всадил љубовта кон спортот. Николај и неговите браќа уживале во различни активности: јавање, пливање, стрелаштво, лов и риболов. Се разбира, не биле занемарени и другите науки. Министерот за финансии Николас Бунге бил одговорен за економското образование, додека теорија на воените утврдувања им предавал Цезар Кјуи, професор по фортификација и писател на романси и оперски дела.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче