Царот Николај I, како што било вообичаено во царското семејство, почнал да црта уште како дете. Еден од неговите учители бил познатиот руски сликар Иван Акимов. Францускиот писател Пол Лакроа, кој работел на биографијата на императорот, зборува за неговите креативни способности: „Беше талентиран за карикатура и многу добро успеваше да ги улови смешните страни на лицата кои сакаше да ги смести во некој сатиричен цртеж“.
„Во кафеана“
„На бал“
„Бунтот на Декабристите“
„Подофицер на гардискиот деминерски баталјон“
Внукот на Николај I, царот Александар III, како учители имал големи имиња од светот на ликовната уметност, како што се професорот на Императорската академија на уметностите Николај Тихобразов и академик Алексеј Богољубов. Токму Богољубов, иден маринист, му ја всадил на Александар љубовта кон морските пејзажи во неговото творештво го зазеле централното место.
„Морски пејзаж“ (1856.)
„Поглед на заливот и градот“
„Куќа на брегот на морето“, (1859.)
Императорката Марија Фјодоровна
Повеќето членови на руското царско семејство Романови како возрасни заборавале на својата страст за цртање. Но, тоа не важело за Марија Фјодоровна, сопругата на Александар III, која е родена како данска принцеза Дагмар. Таа сликала многу и со задоволство, не ограничувајќи се на мали формати, создавајќи големи платна. Како што забележал Богољубов, царицата ја наследила љубовта кон уметноста и сликарството од нејзината мајка, данската кралица Лујза од Хесен-Касел.
„Старо дрво”“ 1860-ти.
„Портрет на ќерката Олга“,(1883.)
„Портрет на кочијашот Григориј“, (1870.)
„Скржавко“, (1890.)
„Мртва природа“, (1868.)
Никој од царското семејство не постигнал таков успех во сликарството како најмладата ќерка на царот Александар III и Марија Фјодоровна, великата кнегиња Олга Александровна. Многу важни имиња ѝ помогнале да ја развие својата несомнена природна дарба, како што се академик Константин Крижицки, подвижникот Владимир Маковски, пејзажистите Станислав Жуковски и Сергеј Виноградов.
Олга Александровна не се откажала од сликарството дури и кога била принудена да емигрира од Русија поради граѓанската војна. Од продажба на делата таа успевала да обезбеди материјална поддршка на семејството и да се занимава со добротворна работа. Меѓу купувачите на нејзините дела биле претставници на кралските куќи на Велика Британија и Норвешка, како и Винстон Черчил. Во текот на својот живот великата кнегиња насликала вкупно околу две илјади дела.
„Николај Куликовски со синот Тихон“, (1917.)
„Птици во градина“, 1920-тите.
„Портрет на постариот син Тихон во количка“, (1917.)
„Самовар“
„Внуката на кнегињата Олга Ксенија појадува“
„Псковско-Печерскиот манастир“
Во младоста последниот руски цар Николај II знаел да се фати за сликарската четка. Но, таа пасија набргу ја заборавил, препуштајќи ѝ се со целото срце на новата страст – тенисот.
„Планински пејзаж“, (1886.)
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче