Танцот на платната на руските сликари

„Народен танц“, Михаил Володин

„Народен танц“, Михаил Володин

Руските сликари го доживуваа танцот како еден од најдобрите начини да се покажат националниот колорит и националната разноликост.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!

„Виор“, Филип Малјавин, 1906.

„Виор“, Филип Малјавин, 1906.

Импресионистот Малјавин ја материјализираше енергијата на танцот. Неговиот танц на едноставни жени во сарафани со светли бои го зафаќа целото платно и како да ќе излезе следниот миг надвор од неговите граници.

„На изворот“, Кузма Петров-Водкин, 1906.

„На изворот“, Кузма Петров Водкин, 1906.

Авторот на „Капењето на црвениот коњ“ беше фасциниран и од магијата на танцот и народното оро. Сликата „На изворот“ е со помали димензии. На неа се прикажани девојки кои танцуваат во веќе препознатлив стил - со водени бои, проѕирна текстура и леснотија.

Оро“, Наталија Гончарова, 1910.

„Оро“, Наталија Гончарова, 1910.

Една од клучните фигури на руската авангарда, Наталија Гончарова ја прикажа руската култура низ призмата на сфаќањата карактеристични за почетокот на ХХ век.

„Танц меѓу мечеви“, Хенрих Семирацки, 1881.

„Танц меѓу мечеви“, Хенрих Семирацки, 1881.

Инспириран од патувањето во Рим, сликарот сам го измислил овој антички мотив. „Танцот меѓу мечеви“ е насликан во духот на доцниот академизам. Кон крајот на XIX век, еден дел критичари, особено передвижниците, го доживува ова дело како „пиреј“ во уметноста, како нешто што не треба да го има. Сепак, намалената верзија на оваа слика беше најскапото платно на Семирацки на аукциската куќа „Сотби“ во 2011 година, кога беше продадена за 2980000 долари.

„Стар балет“, Константин Сомов, 1923.

„Стар балет“, Константин Сомов, 1923.

Во царска Русија балетот ги одразувал целиот сјај и целата моќ на Руската империја и бил едно од најважните наследства на рускиот двор. Сцената на претставата што ја прикажува Сомов е од „Божествената комедија“ на Данте и зборува за трагичната љубов на Франческа да Римини кон братот на нејзиниот сопруг. По успехот во Њујорк, ова платно беше продадено на аукција во 1926 година и повеќе од еден век се сметаше за изгубено, сé до 2020 година, кога повторно се појави на аукција.

„Оро в село“, Алексеј Саврасов, 1873-1874.

„Оро в село“, Алексеј Саврасов, 1873-1874.

Орото е сакрален танц на источните Словени. Го играло цело село во разни ситуации - на свадба, запросување, во повикување на дождот, на почетокот и крајот на жетвата, итн. Саврасов на своите платна  го овековечил руското село, така што е природно што не ја одминал ни оваа тема.

„Аргентинска полка“, Казимир Малевич, 1911.

„Аргентинска полка“, Казимир Малевич, 1911.

Брзата и жива полка првично ја играле само припадниците на аристократските кругови. Потоа полката, како и квадрилот, се проширила и меѓу народот и станала можеби најтипичниот руски танц. Малевич ја прикажал „народната“ полка во народен стил, т.е. по угледот на фолклорната уметност.

„Народен танц“, Михаил Володин

„Народен танц“, Михаил Володин.

Како лојален член на КПСС, Володин го пренел омилениот мотив на рускиот танц меѓу работниците-трудбеници кои го граделе социјализмот.

„Балетска гардероба. Снегулки“, Зинаида Серебрјакова, 1923.

„Балетска гардероба. Снегулки“, Зинаида Серебрјакова, 1923.

Серебрјакова создаде цела серија слики на тема балет зад кулисите, т.е. таа не обрнува внимание на самиот балет, туку на празничната и возбудлива атмосфера на балетските гардероби. Стилот на ѕиркање и документарност е нејзината омилена уметничка постапка.

„Принцезата-жаба“, Виктор Васнецов, 1918.

„Принцезата-жаба“, Виктор Васнецов, 1918.

Виктор Васнецов е познат во Русија како главен илустратор на руските бајки. Згора на тоа, руските бајки и понатаму се замислуваат токму онака како што ги прикажа Васнецов. Тој ја прикажа принцезата-жаба во моментот кога таа престанува да биде жаба, т.е. го добива својот првобитен изглед и танцува на празник.

„Игранка“, Константин Коровин, 1936.

„Игранка“, Константин Коровин, 1936.

Во текот на 1930-тите, Коровин сликал рурални пејзажи од сеќавање, бидејќи бил принуден да живее надвор од Русија. Носталгијата го поттикнала да создаде цела серија слики посветени на руската природа, руските „тројки“ (запрегите), празниците и, се разбира, селските игранки.

„Народен танц“, Фјодор Сичков, 1911.

„Народен танц“, Фјодор Сичков, 1911.

Масленица е словенски празник на крајот на зимата, а народниот танц бил негов нераскинлив елемент, како и печењето палачинки и палење на страшили од слама.

„Трговски бал“, Иван Куликов, 1899.

„Трговски бал“, Иван Куликов, 1899.

Баловите биле многу популарни во трговските кругови од XIX век. За разлика од познатите аристократски балови на царска Русија, каде што можеле да присуствуваат само благородници, влезот на баловите на трговскиот сталеж бил слободен, т.е. трговците давале одредено учество, а сите други можеле да влезат доколку купат билет кој, за волја на вистината, не бил евтин. За тие балови била карактеристична разноликоста на сталежите, од високото општество на руската култура до имашливите чиновници и странците. Поради тоа и атмосферата била повесела.

„Руски танц“, Борис Смотров, 2003.

„Руски танц“, Борис Смотров, 2003.

Борис Смотров ја нагласувал националната тематика, имитирајќи го стилот лубок. Неговиот приказ во една рамнина потсетува на јорган со шарен дезен од нескротливи, светли бои.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња