„Ка... лин... ка, ка-лин-ка, калинка моја!“ Овој едноставен стих стана исклучително популарен. „Калинка“ не е народна песна, само е напишана во „народен“ стил.
Во втората половина на XIX век во различни кругови на општеството станало модерно сè што е „типично руско“. Угледни дами носеле брилијантски дијадеми во вид на „кокошник“, архитектите проектирале згради и ресторани во „селски“ стил, а музичарите основале професионални народни оркестри. Интересот за народната музика и за народната уметност воопшто бил многу голем. Многумина се занимавале со собирање народни песни, или со компонирање нови песни, но во народен стил.
Иван Петрович Ларионов
Legion MediaЕден од нив бил композиторот Иван Ларионов од трговскиот град Саратов на Волга. Тој бил љубител на народното творештво и патувал по земјата собирајќи руски песни. Во 1860 година еден аматерски театар побарал од него да компонира песна за нивна претстава. Во тоа време Ларионов веќе бил автор на неколку популарни романси, така што во песната „Калинка“ е одразено сé што композиторот го почувствувал во традиционалната музика.
Песната за прв пат пред публиката ја извел самиот автор. Пријателот на Ларионов, пејачот и основач на народниот хор Дмитриј Агренев-Славјански, кој гостувал во Саратов, ја слушнал песната и замолил да ја вклучи во неговиот репертоар на гостувањата во земјата и странство. Ларионов се согласил и така оваа песна станала позната во Европа, па дури и во САД.
Артистите на Државниот академски Северен руски хор го изведуваат танцот „Калинка“
Саид Царнаев/Sputnik„Калинка“ многу ѝ се допаднала на странската публика. Многумина дури и го научиле рефренот напамет, бидејќи не е тежок.
Вториот бран на популарност ја зафати „Каљинка“ по Втората светска војна, кога повторно се разбуди интересот за руската народна култура. Некогашната провинциска песна се појави на репертоарот на Ансамблот на песни и игри на руската армија „Александров“, кој изведува и руска народна музика.
Тогаш се појави и групниот танци со оваа мелодија, кој и денес често се изведува на концертите.
Така „Калинка“ се најде на големата сцена и сега се асоцира со руската народна култура, така што денес ретко кој знае дека песната има и свој автор.
Веројатно сте ја слушале кавер-верзијата на групата „Моранди“ од 2018 година.
Денес „Калинка“ веќе наголеми се прошири и надвор од музичките рамки. Во странство сега тој назив често се користи за она што има врска со рускиот јазик. Така денес се нарекуваат продавници, трговски компании и брендови.
Настап на рускиот хор и фолклорен ансамбл „Пјатницки“, Москва
Legion MediaИмето на песната е всушност име на јагодестиот плод на растението Viburnum opulus (Црвена калина) кое расте во централна Русија. Меѓутоа, песната не се однесува на билки. Ако се преведе буквално, ќе испадне нешто речиси бесмислено:
Калинка, калинка, калинка моя! (Калина, калина, калина моја)
В саду ягода малинка, малинка моя! (Во градината е малина, малина моја)
Ах, под сосною, под зеленою (Ах, под борот, под зелениот),
Спать положите вы меня! (ставете ме да спијам)
Ай-люли, люли, ай-люли, люли (од зборот „люлька“, лулка)
Спать положите вы меня! (ставете ме да спијам)
Понатаму лирскиот јунак спомнува убава девојка која сигурно ќе се вљуби во него затоа што тој усрдно ја моли, и бор што многу шумоли додека тој спие.
Сè на сè, песната го отсликува расположението на лирскиот херој кој ужива во градината и руската природа и сака малку да се опушти во ладовина, каде што се сокрил од летните горештини.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче