20 фотографии од богојавленското капење во Русија

Александар Кражев
Некои луѓе не можат да замислат дури ни подолга прошетка кон средината на јануари, кога мразот најмногу стега. Но, овие момци и девојки имаат доволно храброст да се „брцнат“ во ледена вода на место на кое заради тоа е специјално пробиен мразот, иако надвор е -20 степени Целзиусови.

Водици е еден од најважните православни празници. Се празнува на 19 јануари ширум цела Русија. Во ова време од годината е мраз-зима. Во рускиот јазик постори дури и израз «крещенские морозы», т.е. „богојавленски мразови“. Но, уште од дамнина било вообичаено во пресрет на празникот луѓето да прават крстообразен отвор во мразот кој се нарекува „јордан“ и ноќта во пресрет на Богојавление и за време на целиот празничен ден да влегуваат три пати во вода преку глава. Овој чин го симболизира крштевањето на Господ Исус Христос. Сето ова изгледа прилично невообичаено, имајќи предвид дека Христос живеел во сосема спротивни климатски услови.

Подготовка на „јордански крст“ во Подмосковје.

Во центарот на Санкт Петербург.

Еден по еден: богојавленско капење во Владивосток.

„Јордан“ во Сибир, на реката Об во Новосибирск.

Свештеник го осветува „јорданот“ што го направи службата на Министерството за вонредни состојби.

Сите се капат во ледената вода, и мажи...

...и жени. Независно од возраста, било да се во Москва...

...или во Сибир, како оваа жена од Краснојарск.

Истото важи и за децата.

Дури и Владимир Путин на Богојавление се капе во ледена вода.

„Јордански“ отвори се прават и во езерата близу црквите и манастирите, како овој во Карелија.

Или непосредно на територијата на манастирот, како овој на Валдај.

Специјална места за богојавленско капење се подготвуваат дури и за осудениците во затворите.

И за војниците во армијата.

Во центарот на Москва исто така се подготвени специјални места за богојавленско капење.

И во станбените населби на големите градови, како оваа во Новосибирск.

Па дури и во неверојатно живописна недојдија како што е населбата Дивна Гора во Јарославската област.

А понекаде нема потреба да се прави посебен отвор во мразот: луѓето едноставно ќе се искапат во морето, како на Крим. Свештеникот претходно само ќе ја крсти водата.

Жителите на јужниот дел на Краснодарскиот крај се капат под водопад.

Постојат и Свети извори кои не замрзнуваат. И тука луѓето доаѓаат на богојавленско капење.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња