Филм за трагичен настан во Советскиот Сојуз скриен од очите на јавноста руски кандидат за „Оскар“

Russia beyond; Archive photo
Остварувањето на Андреј Кончаловски „Драги другари“ е рускиот кандидат за најдобар странски филм за наградата на американската Академија за филмска уметност и наука „Оскар“.

Ова за новинската агенција ТАСС го соопшти претседателот на Рускиот одбор за избор на кандидат за доделувањето на „Оскар“ Владимир Мењшов.

Филмот зборува за масакрот на мирните демонстранти во Новочеркаск 1962 година, кој власта за време на Советскиот Сојуз го сокри од јавноста.

Андреј Кончалосвки

Драмата на Андреј Кончаловски „Драги другари“, снимена во црно-белој техника, за стрелањето на мирните демонстранти во Новочеркаск, масакр кој советската власт го сокрила од очите на јавноста, е овенчана со специјална награда на жирито на Фестивалот во Венеција. Филмот влезе во редовна дистрибуција во руските кина вчера.

Во категоријата најдобар филм снимен надвор од англиско говорно подрачје руските филмови ја освојуваа наградата „Оскар“ три пати. Се работи за остварувањата „Војна и мир“ на Сергеј Бондарчук (1968), „Москва не им верува на солзите“ на Владимир Мењшов (1981) и „Изгорени од сонцето“ на Никита Михалков (1994).

За она што всушност се случило во Новочеркаск 1962 година прочитајте во статијата објавена на нашиот портал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња