Петнаесет балерини од „АРТ БАЛЕТ“ на возраст од 8 до 17 години, под раководство на балетскиот педагог Тамара Ѓурчиновска, издвоија голема победа на Европското првенство во Москва и освоија 7 први места, 5 втори места, 1 трето место и 1 четврто место. Македонските балерини достоинствено ги одбранија боите на македонското знаме и гордо ги примија наградите проследени со македонската химна.
На Европското првенство во Москва учество зедоа над 22 држави од Европа и други континенти, 104 балетски студија и повеќе од 7000 натпреварувачи кои се натпреваруваа пред повеќе од 70000 љубители на танцот. Децата учесници беа оценувани од врвни меѓународни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови.
Балетското студио „АРТ БАЛЕТ“ втора година по ред ја претставува Република С. Македонија на Европското првенство по танц во Москва. Минатата година „АРТ БАЛЕТ“ издвои голема победа на Европското првенство и се закити со три први места, едно второ место и едно трето место во модерен балет, џез балет и акробатика. Оваа година балерините од ова студио го потврдија минатогодишниот успех и се закитија со двојно повеќе титули, се вели на фејсбук-страницата на балетското студио.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче