Македонски балерини освоија 3 златни медали на Европското првенство по танц во Москва

Facebook
Балетското Студио АРТ БАЛЕТ од Скопје, под раководство на балерината Тамара Ѓурчиновска, заедно со деца претставници од „Арт Балет“ Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска, изминатиов викенд од 15 до 17 март 2019 година беше претставник на Македонија на Европското првенство по танц во Москва, организирано и лиценцирано од Светската артистичка танцова федерација.

„Арт Балет“ извојува голема победа на Европското првенство и се закити со три златни медали, еден сребрен и еден бронзен во категориите класичен балет, модерен балет, џез балет и акробатика. 

Македонија, претставувана од ученичките на балетското студио „Арт Балет“ Антонија Атанасова, Зорица Тасевска и Нина Димитриоска, под раководство на балетскиот педагог и кореограф Тамара Ѓурчиновска, првпат беше учесник на Европското првенство. 

На Европското Првенство учество зедоа повеќе од 22 држави. Шампионатот сите три дена се одвиваше на 3 сцени истовремено и децата учесници беа оценувани од врвни професионалци од областа на танцот од сите танцови стилови судии од Филипините, Германија, Белгија, Италија, Грција, Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Ерменија, Белорусија, Русија, Црна Гора, Словенија, Холандија Полска, Чешка, Австрија Швајцарија, Шведска, Македонија итн.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња