Рускиот јазик, литература и култура во центарот на вниманието

Руски центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е организатор на II Меѓународната научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“.

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје е организатор на II Меѓународната научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“.

Конференцијата ќе се одржи од 30 септември до 2 октомври 2019 година, и на неа ќе земат учество еминентни научници не само од Република Македонија и од Русија, ами и од повеќе други земји во светот.

На отворањето на конференцијата се најавени обраќања на ректорот на УКИМ Н. Јанкуловски, амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија С.А. Баздникин, проректорот за наука на УКИМ В. Петрушевски и директорот на „Рускиот центар“ при УКИМ В. Стојковски.

На конференцијата ќе бидат презентирани трудови и реферати кои се однесуват на рускиот јазик, руската литература, како теми посветени на преводот и на методиката на предавање руски јазик.

Централна тема на Конференцијата ќе бидат Александар Сергеевич Пушкин и Николај Васиљевич Гогољ, а поводот е 220 години од нивното раѓање.

Отворањето на Конференцијата ќе се одржи утре (30.9.2019) точно напладне во Рускиот центар при УКИМ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња