„Малечката Вера“ на Василиј Пичул. Горки филм, 1988 година
Во Советскиот Сојуз во кој наводно „немало секс“ не смеело да има ниту еротика. Пропагандата вешто ја има заменувано со спорт, така што сосема затегнати, речиси целосно голи тела имало, но само во контекст на спортот. Со весло или со кугла, да кажеме.
Од странските филмови еротските сцени најчесто биле исфрлани. Тогаш што им останувало на советските режисери? Како што излегува, меѓу нив сепак имало и храбри луѓе.
Дали се сеќавате на „Обликот на водата“, фантастичната драма за љубовта помеѓу нема жена и мистериозно суштество кој минатата година беше награден со Оскар за најдобар филм? Многу добро, но тоа можело да се случи и многу порано. Филм со мошне слична содржина според романот на советскиот писател Александар Бељаев, холивудските студија сакаа да снимат уште пред педесет години, но се откажаа. Продуцентите проценија дека не треба да се занимаат со толку долго и компликувано подводно снимање.
А, во Советскиот Сојуз филмот беше снимен и стана култно остварување за љубителите на советската фантастика. Сè беше маѓепсувачки, и сцените снимени под вода, и костимот на човекот-амфибија направен од десет илјади крлушки, и музиката, и првата советска еротика... Главната хероина која ја играше советската Грета Гарбо Анастасија Вертинскаја во една од сцените се појавува во костим за капење. А, Вертинскаја уште едно десетина години потоа се сметаше за секс-симбол.
Да, но сепак би очекувале нешто повеќе од најавената еротика? Сепак, не заборавајте дека во тој момент од смртта на Сталин имаше поминато само девет години, така што што сакате? Според критериумите на тоа време – многу добро.
Периодот од брадавиците кои одвај се наѕираат под блузата до остварување кое ги урна сите табуа беше долг. „Малечката Вера“ на Василиј Пичул е втор по ред и многу посигурен приод во сферата на еротиката на филмот. Славата ја стекна како прв фил во историјата на советската кинематографија во кој е прикажан сексуален однос.
„Се сеќавам дека таа сцена во целост ја украдовме од Бертолучи, од некој негов фил, Мислам дека тоа беше генијален пи-ар потег на Василиј Владимирович Пичул“, велеше Наталија Негода која ја играше Вера. „Се сеќавам дека само седевме во кујната и разговаравме како тоа технички да го реализираме. А, снимавме како во некоја полусвесна состојба“.
Да, пи-ар потегот функционираше одлично. „Малечката Вера“ го имаа гледано од педесет милиони луѓе, а Негода беше првата советска глумица на насловната страница на американскиот Плејбој. Филмот за Вера на фонот на судирот на генерациите, провинциската сиромаштија и пијанството, остана запаметен како еден од препознатливите симболи на Перестројката. Животот на советските граѓани е прикажан на реалистичен начин кој дотогаш не бил виден. Следуваше бран филмови кои се фокусирани на претходно заборавени теми, насилството во семејството, проституцијата и криминалот, таканаречена „чернуха“ (темната страна на животот).
Елена Јаковлева во улогата на „интернационална девојка“, филм на Пјотр Тодоровски, 1989 година
SputnikОсвен „Малечката Вера“ како симбол на новото време и на новата естетика со еротска примеса стана рефлексивната Интернационална девојка на Пјотр Тодоровски, драма за една медицинска сестра која работи како девизна проститутка во хотели за странци. Со оглед на тоа дека ваков филм не можеше да биде снимен со државни пари, настана во копродукција со Швеѓаните.
Тодоровски како сериозен режисер, автор на филмови за војната, не сакаше да зборува за проститутките. Инсистираше неговата сопруга, токму таа го има водено по хотели и му има покажувано вистински проститутки. „Не снимав филм за отфрлена личност, ами за жена која не може да се оствари во советското време“, велеше подоцна режисерот.
Елена Јаковлева во улогата на „интернационална девојка“, филм на Пјотр Тодоровски, 1989 година
В. Мапешин/SputnikНо, филмот беше сфатен така. Девизната проститутка навистина цела деценија беше хероина на тоа време, но не како жена во канџите на тешките околности, ами како пример за подражавање. Интернационала девојка покажа како „лесно се доаѓа до пари“, како што се чинеше во времето на масовната глад.
Дури и самиот назив доволно зборува. Овој пат станува збор за комедија, но и сега за веќе вообичаена проститутка. Поточно за град во внатрешноста кој решил да се спаси од бедата со оригинален бизнис-потфат, така што во локалниот местен музеј ќе отворат јавна куќа (метафората е повеќе од речита).
Во филмот има многу голи тела, а игра и прекрасната талентирана Ана Самохина која во деведесеттите години од минатиот век има направено кариера во филмови познати по голотијата. Но, сексот тука е сепак комична забава, а вакви нискобуџетни треш-филмови имаше во изобилство пред падот на СССР. Се чинеше дека еротиката, конечно, влезе во животот на обичните луѓе, само што никој точно не знаеше што сега со тоа. Режисерите не се исклучок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче