Сеќавања во чест на Рина Усикова

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин, 21 ноември 2018.

Амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин, 21 ноември 2018.

Амбасада на Руската Федерација во Република Македонија
Во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје и на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура денес се одржа комеморација по повод смртта на академик Рина Усикова.

Во салата за седници на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје денес се одржа комеморација по повод смртта на академик Рина Павловна Усикова. На настанот присуствуваа колеги, студенти и пријатели на професор Усикова кои дојдоа да ја искажат својата почит кон делото на Рина Павловна, но и да ја споделат тагата поради нејзиното заминување, со оглед на тоа што за поголем дел од нив таа беше и голем пријател.

Како што истакна директорот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура проф. д-р Славица Велева, поради фактот што Рина Усикова за присутните била пред сѐ пријател, тие решиле овој собир да не го наречат комеморација, ами сеќавања, со што се добива една поинаква, поблиска и почовечна димензија. Деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје проф. д-р Анета Дучевска во своите сеќавања се осврна на улогата на академик Усикова за македонистиката и за Летната школа по македонски јазик, литература и култура во Охрид.

На настанот присуствуваше и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Сергеј Баздникин, кој во своето обраќање ја истакна големината на професор Усикова во научната јавност, а исто така и нејзиниот несомнен придонес за македонистиката како во Руската Федерација, така и пошироко. Тој воедно го изрази и своето жалење за загубата на македонистиката со смртта на Рина Усикова.

За животот, научната дејност и за човечките квалитети на академик Рина Павловна Усикова зборуваа и нејзините колеги проф. д-р Максим Каранфиловски, проф. д-р Емилија Црвенковска и проф. д-р Димитар Пандев, при што со голема доза на емоции се присетија на моментите поминати со неа, оставајќи аманет нејзиното име да биде постојано споменувано и на тој начин да се зачува споменот за неа.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња