IN MEMORIAM: Рина Павловна Усикова

Рина Павловна Усикова на фонот на Охридското Езеро.

Рина Павловна Усикова на фонот на Охридското Езеро.

Russia Beyond - Македонија
Во 86 година од животот во Москва почина академик Рина Павловна Усикова, македонист, славист, голем пријател на Македонија и на македонскиот народ.

Ноќеска во Москва почина познатиот руски македонист и славист Рина Павловна Усикова. Таа беше основоположник на македонистиката во СССР и во Русија и голем пријател на Македонија и на македонскиот народ. Родена е во Москва во 1933 година.

Детството го поминала во ужасите на втората светска војна. Во 1950 г. се запишала на државниот универзитет во Москва М.В.Ломоносов, на катедрата за славистика, на одделението за бугарска филологија. Во 1965 год ја брани кандидатската (магистерска) теза „Морфологија на именките и глаголите во современиот македонски литературен јазик“, под менторство на професорот С. Б. Бернштејн. Во 1993 година доаѓа во Република Македонија како лектор по руски јазик на катедрата за славистика. Тогаш МАНУ ја избира за дописен член, а воедно е прогласена и за почесен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2005 година ја брани докторската дисертација од севкупноста на нејзините досегашни трудови.

Рина Усикова, беше еден од најголемите афирматори на македонскиот јазик во Руската Федерација и во светот. Автор е на повеќе од 100 научни публикации и уметнички преводи од македонски на руски јазик, меѓу кои најзначајни се:

1. Mакедонски јазик - Граматички особености на западнословенските и јужнословенските јазици (Москва 1997),

2. Македонски јазик (Скопје 1985),

3. Македонско - руски речник во три тома (Скопје 1997),

4. Македонски јазик - Основи на балканската лингвистика, втор дел и Словенски јазици (1998),

5. Граматика на македонскиот литературен јазик (Москва 2003),

6. Македонско - руски речник со 40.000 единици (Москва 2003).

Рина Усикова е добитник на наградите Орден на југословенското знаме (1989) и Медал за заслуги пред Република Македонија (2007).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња