Државниот балет на мраз од Санкт Петербург со „Заспаната убавица“ во декември во Скопје

Македонска Опера и Балет

На 1 декември, на сцената на Македонската Опера и Балет, Државниот балет на мраз од Санкт Петербург ќе се претстави со изведба на претставата „Заспаната убавица“ од Петар И. Чајковски.

Станува збор за балетски спектакл на мраз што Државниот балет од Санкт Петербург го изведува на речиси сите светски балетски и оперски сцени.

Во Балетот на мраз околу 20 танчари имаат титули Мајстор на спортот на Русија поради своите победи на сите руски и меѓународни натпреварувања во уметничко лизгање. Во балетот имаат учествувано и олимписките шампиони Људмила Белоусова, Олег Протопопов, Алексеј Уланов, Људмила Смирнова...

На чело на Балетот е уметничкиот директор Константин Расадин, заслужен уметник на Русија, поранешен солист на светски познатиот Мариински балет и школски другар на Рудолф Нуреев. Има учествувано во балетски претстави заедно со Михаил Баришников и Наталија Макарова.

Од 1995 година Балет на мраз од Санкт Петербург се изведува на најпрестижните сцени во Англија, САД, Холандија, Германија, Кина, Кореја, Тајван, Шпанија и Јужна Америка, а врвните лизгачи зад себе имаат повеќе од 7000 настапи ширум светот.

Минатата година Балетот настапи во Скопје со „Оревокршачка“, а пред две години со „Лебедово езеро“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња