Првиот во светот класичен балет на мраз во Скопје на 4 декември

„Оревокршачка“ на мраз, Руски државен балет на Санкт Петербург

„Оревокршачка“ на мраз, Руски државен балет на Санкт Петербург

Team System Music
Балетскиот спектакл на мраз „Оревокршачка“ ќе биде изведен на сцената на Македонската опера и балет.

Рускиот државен балет од Санкт Петербург на 4 декември ќе го изведе спектакуларниот балет на мраз „Оревокршачка“ на Петар Илич Чајковски во Македонската опера и балет.

Во Балетот на мраз околу 20 танчари имаат титули Мајстор на спортот на Русија поради своите победи на сите руски и меѓународни натпреварувања во уметничко лизгање. Во балетот имаат учествувано и олимписките шампиони Људмила Белоусова, Олег Протопопов, Алексеј Уланов, Људмила Смирнова...

Балетот на мраз од Санкт Петербург се изведува од 1995 година.

Руски државен балет на Санкт Петербург

На чело на Балетот е уметничкиот директор Константин Расадин, заслужен уметник на Русија, поранешен солист на светски познатиот Мариински балет и школски другар на Рудолф Нуреев. Има учествувано во балетски претстави заедно со Михаил Баришников и Наталија Макарова.

Музички директор и еден од основачите на Балетот на мраз е Лео Корхин, истакнат руски диригент кој раководи со голем број оркестри, вклучувајќи ги и познатиот Академски симфониски оркестар на Здружението на филхармоничари од Санкт Петербург „Дмитриј Шостакович“.

Последниве 5 години „Оревокршачка“ успешно се изведува на најдобрите сцени ширум светот.

Минатата година Државниот балет на мраз од Санкт Петербург првпат гостуваше во Македонија со изведба на „Лебедово езеро“.

Руски државен балет на Санкт Петербург

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња