„Лето“, новиот филм на рускиот режисер Кирил Серебреников, ќе биде прикажан во официјалната селекција на годинашниов Кански филмски фестивал. Во филмот се зборува за советските/руски рок ѕвезди Виктор Цој и Мајк Науменко и андерграунд рок-сцената во Ленинград (денешен Санкт Петербург) во 1980-те.
Снимањето на филмот беше прекинато во август минатата година поради тужбата против Серебреников во врска со ненаменско трошење на буџетски средства. Како резултат на тоа, режисерот го заврши филмот додека беше во домашен притвор.
„Филмот ја прикажува историјата на рокот и ја става публиката во ерата на (советскиот лидер Леонид) Брежнев, живописно отсликувајќи го на екранот животот во текот на овој период. Многу сме среќни што ќе го презентираме филмот овде“, изјави Тери Фремо, директор на Канскиот филмски фестивал.
71 фестивал ќе се одвива од 9 до 18 мај оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче