Масленица во Македонија – најбогата програма досега!

Владимир Смирнов/TASS
Празникот на испраќањето на зимата, познат кај Русите како Масленица, кој се празнува целата седмица пред големите божиќни пости и оваа година ќе биде одбележан и во Скопје. Интересен е фактот што овој празник ќе се прославува на повеќе локации во Скопје, како и во неколку други градови низ целата земја.

Традиционално празнувањето на Масленица во Скопје со години наназад го организираат руските сонародници кои живеат во Македонија. Настанот е предвиден за в сабота 17 февруари со почеток во 11 часот. Годинава во Градскиот парк во Скопје кај „Школката“ ќе се соберат сите руски сонародници, а програмата ќе биде збогатена со културно-уметничка програма на ансамбли и поединци. Настанот е поддржан од страна на Россотрудничество и Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. 

Истиот ден со почеток вп 12 часот на Славјанскиот универзитет „Г.Р. Державин“ во Свети Николе во големиот амфитеатар се организира уште еден настан на кој ќе настапи вокалниот ансамбл „Чајка“. Влезот е слободен за сите посетители и не е потребна резервација. И оваа прослава е исто така поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.

Следниот ден, пак, (недела, 18.2.2018) прослава на празникот Масленица организира Рускиот центар при УКИМ. Со оглед на тоа дека станува збор за веселба, настанот ќе се одржи во кафлето „Њу Ејџ“ веднаш зад Рускиот центар при УКИМ со почеток во 12 часот. Оттаму велат дека сакаат празникот да биде презентиран колку што е можно поблизу до она како луѓето го одбележуваат во Русија, па затоа освен палачинки, ветуваат убава руска народна музика, панаѓур на ракотворби, различни забавни игри и, секако, палењето на куклата со која се означува и крајот на зимата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе