ВДНХ.
Alamy / Legion MediaВо рамките на големата реконструкција која се врши во градскиот парк ВДНХ во Москва, во павилјонот бр. 6 „Хемија“ се откриени барелјефи кои претходно се сметаа за изгубени.
„Сижејните барелјефи – еден со слика на млекарка и свињарка, а другиот со прослава на богата жетва на овошје, зеленчук и житарици на Република Литванија, се навистина вредни уметнички дела. Врз основа на проучување на историските податоци и фотографии, ние претпоставувавме дека зад тулите може да има барелјефи, но воопшто не очекувавме дека ќе бидат зачувани во толку добра состојба“, изјави раководителот на Одделот за културно наследство на град Москва Алексеј Емелјанов, пренесува „Известија“.
Како што се соопштува на порталот на градоначалникот на Москва, барелјефите го краселе ѕидот на павилјонот од 1954 до 1969 година, кога павилјонот ја претставувал Литванската ССР.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче