Зошто велиме „Грозјето е кисело“

Ена Налбантиќ
Во богатата историја на Русија постојат многу нешта кои влегле во јазичното секојдневие на народот и станале крилатици или фразеологизми. Но, тие не се ограничиле само на рускиот јазик, ами нашле свое место и во другите јазици. „Руска реч на македонски“ започнува нова рубрика во која на своите читатели им објаснува за некои изрази кои имаат руско потекло, а се користат до денешен ден во македонскиот јазик. Денес ви раскажуваме за тоа зошто велиме „грозјето е кисело“.

Изреката дека грозјето е кисело ја слушаме речиси секојдневно. Со неа се означува ситуација кога нешто за кое не се успеало или за кое некој не се потрудил доволно станува навидум непотребно, не доволно добро, му се припишуваат лоши особини или се смета за недоволно добро. Исто така, со овој израз, во поширока смисла на зборот, се врши потценување на нешто кое некому е недостапно.

Многумина во Македонија сметаат дека ова е народен израз. Но, не е сосема така. Тој е преземен од басната на рускиот писател Иван Андреевич Крилов „Лисицата и грозјето“ која е напишана во 1808 година. Во неа Крилов точно ја дефинира главната идеја пренесена преку ликот на лисицата.

Лисицата и грозјетоГладна кума Лиса во градина оди кроцеА таму во лозјето грозд црвен се точиСласт е тој за уста и радост за очиГроздовите светат како сонце.Штета многу се високоНема како да се повлечатИако се гледаат со окоИ од уста лиги ѝ течат.Се мачеше таа речиси цел часТргна да си оди и вели:Изгледаат убави целиАма грозјето е кисело гледам јасУстата ќе ми се собере небаре мраз.

Доколку отидеме малку подалеку, во рускиот јазик постои и изразот „зелено грозје“ (зеленый виноград). Басната на Крилов е и заснована на овој израз кој влегува како дел во фразеологизмот „Зелено е грозјето кога не го даваат“ („Зелен виноград коль не дают“). Кај нас „зеленото грозје“ станува „кисело“ со оглед на тоа дека во нашите краишта и она кое е навистина зелено по боја може да биде слатко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња