Музички фестивали поради кои вреди да ја посетите Русија летово

Afisha Picnic
Руските оупенер-концерти се развиваат активно и најголемите од нив целосно можат да се мерат според квалитет со западните настани: обмислена организација, пријатна атмосфера и хедлајнери од светско ниво. „Руска реч на македонски“ ќе ви раскаже каде ова лето можете да послушате убава музика.

Ahmad Tea Fest

24 јуни, Москва

Седмиот минифестивал на британската музика Ahmad Tea Music Festival, кој прогласи дека негова мисија е градење на мостови помеѓу британската и руската музичка култура, се одржува во паркот на уметноста „Музеон“ под отворено небо. Оваа година хедлајнер ќе биде Ричард Ешкрофт, вокалист на групата The Verve и автор на песните „Bitter Sweet Symphony“, „The Drugs Do not Work“ и други хитови на бритпопот. Во Москва тој ќе учествува за прв пат. Покрај него на сцената ќе се појави рок-бендот од Велс CatFish and the Bottleman кој многу бргу стекна популарност, комбинирајќи во музиката елементи од њу-вејв, алтернатива, инди и гранџ. Нивниот деби албум The Balcony стана платинест зимата 2017 година.

Велепоседнички дом Jazz

1 јули, Москва (велепоседнички дом Архангељское)

29 јули, Санкт Петербург (Елагин остров)

На најголемиот меѓународен џез-фестивал под отворено небо во Русија може да се слушне не само џез, ами и блуз, лонџ, фанк и други музички правци. За 14 години откако постои, на него учествувале над 600 музичари од целиот свет - како признати класици, така и млади таленти.

Press Photo Press Photo

Во Москва на сцената ќе излезат американскиот соул-пејач со афроамериканските корени Раул Мидон, кој има работено со Шакира и Енрике Иглесијас, класиката на норвешкиот електронски џез Нилс Петер Молваер и познатата израелска пејачка Естер Рада, која во својата музика комбинира етиопски џез, аренби, соул и фанк.

Во Санкт Петербург на сцената ќе излезе и еден од најпознатите џез-гитаристи во светот Џон Скофилд, двократен добитник на Grammy за најдобар џез-албум, финалистката на шоуто „Гласот на Бразил“ Жу Мораес и француско-гвинејскиот колектив Ba Cissoko кој генијално го користи западноафриканскиот инструмент кора.

Рок фестивал Park Live 2017

5 јули, Москва

Фестивалот е на пет години, но благодарение на неизменливо заситената програма веќе се гледа како култен. Тука веќе учествувале RHCP, The Kills, Lana Del Ray, Muse и други музичари. За оние кои сакаат да го слушнат најдоброто од руската рок-музика, ова е исто така добра опција - на сцената излегуваат како легендарни групи, така и млади таленти.

Евгенија Новоженина / РИА Новости Евгенија Новоженина / РИА Новости

Оваа година хедлајнери ќе бидат американската група System Of A Down и Канаѓаните Three Days Grace, кои свират алтернативен рок. Во таков стил е креативноста и на Шкотланѓаните од Twin Atlantic, а Louna е руски рок-бенд со женски вокал и општествено ангажирани текстови.

Пикник „Афиша“

29 јули, Москва

Фестивалот веќе неколку години се одржува во еден од најубавите паркови на Москва, на територијата на велепоседничкиот дом од XIX век „Коломенское“. Освен концертите на неколку сцени, тука може да се поигра на чист воздух, да се посетуваат курсеви за различни креативности и занаети, да се разгледаат различни мини-саеми. Но, тука најпрво се доаѓа поради музиката.

 Afisha Picnic Afisha Picnic

Најочекуваните изведувачи оваа сезона се Kasabian, наследници на Oasis и една од најпопуларните британски рок групи. На него ќе учествуваат и инди-групата Foals, која трага по рамнотежа помеѓу поп-музиката и најсмелите експерименти, како и младата украинска рап формација „Гриби“, која неодамна создаде вистинска сензација во постсоветскиот простор.

Alfa Future People Festival

7-9 јули, Бољшое Козино (400 километри источно од Москва)

Оваа година во Русија нема да се одржи фестивалот Sensation, но за љубителите на електронската музика има интересна алтернатива - Тридневниот Alfa Future People Festival. Ова е типичен приградски оупенер чии посетители можат да си изберат ниво на удобност по сопствена желба - можеш да дојдеш како „дивјак“, со шатор, а може и да се престојува во хотел или да се кампува со сите удобности, вклучувајќи топла вода и полнач за телефон.

Alfa Future People FestivalAlfa Future People Festival

Меѓу изведувачите се имињата на кралевите на психоделик-трансот Infected Mushroom, исландските ѕвезди на електрониката Gus Gus, американскиот битмејкер araabMUZIK кој работи со Азилија Бенкс и 50 Cent.

Ќе земат учество и познати диџеи од Холандија, Германија, Израел, Франција, Италија, Англија, Канада и други земји - целосната листа можете да најдете на сајтот на проектот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња