Театарот Бољшој во Москва.
Panthermedia / Vostock-photoМинистерот за култура на Русија Владимир Медински соопшти дека Русија доживува театарски бум.
„Во нашата земја гледаме фактички театарски, концертен и филхармониски бум“, изјави министерсто за култура на состанокот на претседателот на Русија Владимир Путин со членовите на руската влада, пренесува „Газета.ру“.
Според Медински, посетеноста на домашните театри надминала 38 милиони луѓе, што претставува апсолутен рекорд од 1991 година.
Како што истакна министерот, за истакнување е и апсолутниот рекорд во посетеност на домашните кина до 1991 година.
Претходно Медински изјави дека вонбуџетските приходи на домашните театри пораснале за 69% во последните пет години.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче