„Ханделсблат“: Кои руски вредности им се туѓи на Германците

Канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Русија Владимир Путин. 2 мај 2017, Сочи, Русија.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Русија Владимир Путин. 2 мај 2017, Сочи, Русија.

DPA/Global Look Press
Помеѓу Русите и Германците настанаа едни од најконтинуираните, сложени и трагични односи во светот, пишува „Ханделсблат“. Во последно време, сепак, жителите на Германија имаат сѐ понегативен став спрема Русија.

„Привлечност и антипатија, страв и пријателство, конфликт и хармонија“ - заемните односи на Русите и Германците имаат долга историја, пишува „Ханделсблат“. „Зошто Германците имаат толку двоен однос спрема Русија?“, се прашува авторот на статијата Даниел Тост.

Во XIX век половина од офицерите на руската армија беа по потекло Германци. Според зборовите на германскиот историчар Хенрих Август Винклер, во тоа време припадниците на германската елита биле русофили.

Сѐ се промени со доаѓањето на Адолф Хитлер на власт. „Нацистичка Германија ги сметаше Источна Европа и Русија како второстепени во расната теорија, како „простор за живеење“ кој Аријците требаше да го освојат и колонизираат. Германците убија на истокот десетици милиони луѓе. Од своја страна пак, другите Германци, особено постарите жени, до ден-денес не можат да ги преживеат емоционалните трауми поврзани со масовните силувања извршени од советските војници“, објаснува авторот на статијата.

Почнувајќи од 1949 година, мислењата на жителите на Западна и Источна Германија за Русија се разликуваат. На Запад Советскиот сојуз го сметаа за „егзистенцијалниа закана“. Источните Германци, пак, паднаа под влијание на СССР и „бидејќи се најдоа во неволја, се здружија со своите руски господари“. А тоа не е ништо повеќе од „Стокхолмски синдром“, смета авторот.  

Затоплувањето во односите дојде со доаѓањето на Вили Брант, кој во 1969 година ја презеде позицијата на канцелар на Сојузна република Германија и започна да ја спроведува својата „источна политика“. Во 1998 година, Герхард Шредер ја продолжи традицијата на Брант. Германија и Русија ги подобрија економските односи. Проруските лобисти стануваа сѐ посилни, а благодарение на многуте германско-руски форуми, тие успеаја да воспостават редовни контакти меѓу Германците и Русите, објаснува авторот.

Оттогаш Шредер останува „верен поддржувач на мистер Путин“ како еден од „оние кој ја разбираат Русија“, а „такви има многу во редовите на левите радикали и ултрадесничарите“.

Неговиот наследник, канцеларка Ангела Меркел ги застапува интересите на оние Германци кои „не ја разбираат Русија’, смета авторот. Во односите меѓу Меркел и Путин  „завладеа студена меѓусебна почит, а не пријателски односи, како во случајот со Шредер“.

Додека „мистер Путин ја продолжува својата офанзива врз слободата на говорот на медиумите, врз правата на хомосексуалците и другите малцинства“ во Руската Федерација, Германците почнуваат да имаат сѐ понегативен став спрема Русија, тврди авторот. Според анкетата на научниот институт „Кербер“, 60% од Русите сѐ уште продолжуваат да гледаат заеднички особини на руските и германските вредности, а во тоа веруваат само 11% од Германците, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња