Ермитаж ќе покаже уникатни ткаенини стари 2 илјади години

Зимскиот дворец, главната зграда на „Ермитаж“, на брегот на Нева во Санкт Петербург.

Зимскиот дворец, главната зграда на „Ермитаж“, на брегот на Нева во Санкт Петербург.

Getty Images / Fotobank.
Државниот музеј Ермитаж првпат ќе ги покаже своите текстилни колекции од праисториски примероци до современи платна на тематски изложби посветени на историјата и реставрација на ткаенините.

Како што изјави заменик-генералниот директор на Ермитаж Светлана Адаксина, изложбите „Ермитажна енциклопедија на текстилот. Историја“ и „Ермитажна колекција на текстил. Реставрација“ ќе бидат отворени за посетителите во сабота, 29 јули.

„Имаме огромна колекција на ткаенини, вклучувајќи и археолошки ткаенини – стари се 2,5 илјади години. Такво нешто, веројатно, нема никаде во светот. Имаме прекрасни антички ткаенини, средновековни, ткаенини од рускиот царски двор. Овој материјал е многу сложен за складирање и краткотраен. Потребни се посебни услови за чување и „златни раце на реставраторите. Многу сме горди што конечно можеме да покажаме многу од експонатите за прв пат“, изјави Адаксина, пренесува „Интерфакс“.  

Специјално за изложбата во Ермитаж се создадени посебни услови уникатните работи да не бидат погодени од надворешни влијанија.

„Со своите збирки на ткаенини можеме да ја покажеме не само еволуцијата, но и врските на културите: како мигрирале технологиите, како луѓето го изучувале ткаењето во различни делови на светот и како гледале на искуството на нивните колеги во други земји, како го позајмувале. Ткаенините биле многу скапи, до одредено време ткаенината била поскапа од накитот. Ткаенините се приказна за интеракцијата на културите, историјата на трговијата. Ние сакаме да го покажеме тоа, и можеме да го направиме тоа мошне впечатливо“, изјави соработник на Ермитаж.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња