Руски министер го нарече романот „Дубровски“ на Пушкин блокбастер

Министерот за култура на РФ Владимир Медински.

Министерот за култура на РФ Владимир Медински.

PhotoXPress
Министерот за култура на Русија Владимир Медински предложи да се синхронизираат школските предмети по литература и историја.

Романот на А.С. Пушкин „Дубровски“ може да се смета за блокбастер, а „Капетановата ќерка“ за забавна историска авантура, а задачата на учителите е да ги  инспирираат младите луѓе да ја читаат класична литература, изјави министерот за култура на Русија Владимир Медински по потпишувањето на акцискиот план во рамките на новиот проект за популаризација на руската класика „Пушкински сојуз“, пренесува ТАСС.

„Детето ќе види дека „Капетановата ќерка“ е забавна историска авантура, а „Дубровски“ - блокбастер. Тешко е да се најде за млад човек нешто поблиско и поразбирливо според градбата, формата и стилот на излагањето од „Херојот на нашето време“. Едноставно објаснете му го на детето тоа и потоа никогаш нема да го одвоите од книгата“, изјави Медински.

Министерот за култура рече дека денешнта младина малку чита. „Студентите од најдобрите светски универзитети не можат да запамтат текст поголем од три страници, затоа што отсуството на навика за читање го менува системот на умот. Ова е огромен проблем. Излегува дека со развојот на модерната технологија генерацијата интелектуално деградира“, истакна тој.

Според него, задачата на институциите од културата и образованието, како и јавните организации е да се направи класичната литература да биде интересна за нив. Со таа цел тој предлага да се синхронизираат предметите литература и историја.  

„Јасно е дека треба да се изучува „Војна и мир“ не сама по себе, туку заедно со историјата од 1812 година. А „Севастополските раскази“ заедно со Кримската војна. Тоа е голема системска програмска задача која ќе се трудиме да ја решаваме заедно со Министерството за образование и со јавните организации, вклучени во „Пушкинскиот сојуз“, изјави Медински.

Една од целите на „Пушкинскиот сојуз“ е да се врати кај младата генерација интересот за културното наследство на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња