Максим Горки – несреќен во љубовта

Извор: Наталија Михајленко

Извор: Наталија Михајленко

Големиот пролетерски писател Максим Горки, познат по драмата „На дното“ и по романот „Мајка“, сиот свој живот немал среќа со жените. Тој ги сакал, но тие него не.

Од 19 години Горки бил целосно осамен, па дури и се обидувал да се самоубие. Си пукал во белите дробови, па затоа сиот свој живот имал проблеми со болести на белите дробови. Кога си дошол на себе, побарал помош од психолог. Лекарот му рекол: „Најди си девојка која се разбира во љубовта. Тоа ќе ти биде од полза“. 

Горки си нашол една омажена жена, шест години постара од него. Романсата не била успешна, таа одбила да го напушти својот сопруг. Се разделиле, за по две години повторно да се сретнат. Кога дознал дека живее сама, без сопругот, Горки бил пресреќен. Повторно почнале врска и живееле во бањата во дворот на куќата во која живеел еден свештеник кој бил алкохоличар. Ова му давало посебен шарм на односот. 

Прашањето за сексуалниот живот за него било многу чувствително. Како млад редовно посетувал сексуални оргии, но никогаш не зел учество во нив. Потпрен на ѕид, си пеел народни песни, надевајќи се дека ќе ги искупи гревовите на учесниците и оти ќе ги насочи на патот на вистината. Овие сцени потоа ќе ги опише во романот „Животот на Клим Самгин“. 

Михаил Баришников – богатство на неколку држави
Михаил Баришников до денес е најпознат руски балетан на Запад. Самиот себеси веќе одамна се смета за Американец, иако е роден во советска Рига, а живееше и танцуваше во Ленинград.

Извесно време Горки живеел со една млада проститутка, тврдејќи дека и неа ќе ја насочи кон патот на вистината. Потоа се запознал со Марија Андреевна, актерка на МХАТ и ученичка на Станиславски. Во тоа време таа била омажена. Горки со Андреевна отпатувал во Америка за да собере пари за револуцијата и на сите им ја претставувал како своја сопруга. Сè завршило со голем скандал кога печатот го нарекол писателот анархист и полигамист. Во хотелите одбивале да ги сместат во заедничка соба, велејќи им: „Ова не ви е Европа“. На крајот Горки не ги собрал парите за револуцијата. Љубовта застанала на патот на исполнувањето на тој план. 

По револуцијата често му се обраќале за помош. Еднаш му пришла една млада поетеса, плачела: имам доенче, а немам млеко. Горки веднаш напишал писмо до соодветната установа која давала млеко, а за да ја забрза работата, меѓу редови споменал дека станува збор за незаконски родено дете. Потоа кон него поитала цела маса млади мајки. Наскоро се побунил оној што бил одговорен за млекото, па изјавил дека не е во состојба да обезбеди млеко за толкав број деца на Горки, а самиот писател, поради своето звање, би требало да се засрами! 

Во 1919 година, веднаш по револуцијата се запознал со жената која се презивала Бенкендорф-Будберг. И таа се викала Марија и му станала секретарка на Горки. Имала репутација на меѓународна активистка. Се зборувало дека е поврзана со англиската разузнавачка служба и со НКВД истовремено. Ја нарекувале „руската лејди“, што било алузија на јунакињата од „Трите мускетари“ на Александар Дима. 

Чехов – гениј на издавачките договори
Големиот руски писател Антон Павлович Чехов (1860-1904) сиот свој живот имал потреба од пари. Кој знае дали би напишал многу од своите ремек-дела доколку не живеел во такви услови.

Почнале да живеат заедно. И сè би било добро доколку во Русија не допатувал познатиот англиски писател на научно-фантастични романи Херберт Џорџ Велс. Тој не можел да најде соба во хотел, па затоа се сместил кај Горки. Велс ја опишал девојката на Горки со следниве зборови: Запуштена е, челото ѝ е избраздено со брчки, носот ѝ е скршен. Брзо јаде, голтајќи огромни парчиња, многу пие вотка, има малку груб, зарипнат глас, веројатно зашто е страстен пушач. 

Но, тоа воопшто не го спречило Велс да влее со неа во страсна романса. Една ноќ, небаре случајно, влегол во нејзината соба, демек ја згрешил вратата. Утрината Горки ги нашол во ист кревет. Марија го смирувала својот маж: „Што ви е! Па и за жена со најголеми апетити за мажи, двајца познати писатели се сепак премногу! А, освен тоа Херберт е постар од вас!“ 

По смртта на Горки се преселила во Лондон. Романсата со Велс продолжила и завршила со сериозен однос. И понатаму го воодушевувала Велс. Можела да испие толкаво количество чист џин, колку што не можел да испие и морнар. А, притоа не била пијана. Во поодмината доба почнувала од утро да пие по сто милилитри вотка, па дури потоа појадувала. Сепак, никогаш не се омажила за Велс. Горки сè уште бил жив во нејзиното сеќавање. На пролетерскиот писател му се паднала исклучителна жена. Жена за која до денешен ден кружат легенди.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња