САД ги повикуваат Русија и сириската влада да се воздржат од спроведување на офанзивните операции во Сирија, а како замена ветуваат да влијаат на опозицијата со истата цел.
„Јасно е дека е крајно важно Русија самата да се воздржи од спроведување на офанзивните операции и да го задржи режимот (на претседателот на Сирија Башар) Асад, додека наша одговорност е да постигнеме опозицијата да се воздржи од вклучување во слични операции“; изјави државниот секретар на САД Џон Кери во понеделникот на прес-конференцијата по завршувањето на разговорите со шефот на МНР Колумбија Марија Анхел Олгин.
Развојот на ситуацијата во Сирија беше коментиран и во Пентагон од каде изјавија дека американскиот воен ресор не соработува и не разменува информации со руската војска во Сирија и нема намера да го прави тоа и во иднина.
Претставникот на Пентагон Мишел Балданза изјави за „Интерфакс“ дека воените претставници на САД и Русија редовно се среќаваат во рамките на реализацијата на меморандумот за разбирање за осигурување на безбедноста на летање над Сирија. Сепак, како што потенцираше таа, овие дискусии се однесуваат исклучително на прашањето за безбедноста на екипажите и „течат одделно дискусии кои државниот секретар (на САД Џон Кери) ги води со Русите“.
„Министерството за одбрана не ги координира напорите со руската војска, туку презема практични чекори за осигурување на безбедноста на САД и коалициските сили. Ние сме заинтересирани нашите воени дејствија да не доведуваат до катастрофи“, изјави портпаролот на Пентагон.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче