Вашингтон признава дека санкциите против Русија се без резултат

Портпаролот на претседателот на САД Џош Ернест призна дека санкциите против Русија за Украина не го постигнаа посакуваниот резултат.

„Санкциите сѐ уште не постигнаа резултат. Не ја видовме посакуваната промена во однесувањето на Русија“, констатираше Ернест. „Сепак видовме влијание на санкциите врз руската економија“, додаде тој, пренесува РИА „Новости“.

Исто така, тој соопшти дека американската страна може да прибегне кон мултилатерални напори надвор од ООН, за да ги натера „да платат за ситуацијата во Сирија“ Асад и Русија, изјави Ернест.

„Не би ја исклучил можноста од мултилатерални напори надвор од ООН за да ги натераме Сирија, Русија или некој друг да платат за ситуацијата која се формираше во Сирија“, изјави тој.

Ернест исто така потенцираше дека САД имаат искуство од такви активности во минатото и се подготвени „да дејствуваат надвор од рамките на ООН онаму, каде тоа има ефект, дури и ако не го постигнува посакуваниот резултат“, пренесува „Газета.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња