Кремљ не гледа причина за воведување санкции против Москва поради Сирија, затоа што Русија е единствената земја која легитимно се бори против тероризмот на територијата на оваа арапска република, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Не. Нема причина за некакви санкции. Ајде да не забораваме дека Руската Федерација е единствената земја чии вооружени сили легитимно – од аспект на меѓународното право – се наоѓаат во Сириската Арапска република. Притоа ние знаеме дека сѐ уште има земји чии вооружени сили нелигитимно од аспект на меѓународното право се наоѓаат на територијата на САР“, истакна Песков, пренесува РИА „Новости“.
Претходно во вторникот портпаролот на САД Џош Ернест изјави дека Белата куќа не исклучува санкции против Сирија и Русија – но во координација со своите партнери.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче