МНР РФ: Лицемерна и арогантна е изјавата на Могерини за Крим

Апелот до државите-членки на ООН да воведат санкции против Русија е израз на непочитување спрема населението на Крим.

Москва е изненадена од изјавата на Високиот комесар на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини за Крим, полна е со арогантно непочитување спрема жителите на полуостровот, соопшти МНР РФ.

„Изненадени сме од изјавата на Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика од името на ЕУ за Крим од 18 март. Таа е полна со арогантно непочитување спрема повеќе од двомилионското население на Кримскиот Федерален округ на Русија“, се вели во изјавата на МНР РФ.  

Се истакнува дека, „судејќи според текстот на изјавата, Брисел не сака да ги види оние реални промени кон подобро во животот на населението на Република Крим и Севастопол во составот на Русија, за кои пред две години тоа во огромно мнозинство и гласаше“ во текот на „слободното и демократско изразување на волјата“.

„Место да се повторуваат едноподруго неаргументираните тврдења за некакви „кршења на човековите права“ и „анексија на Крим“, за европските чиновници би било подобро да дознаат повеќе за реалната ситуација и во рускиот Крим врз основа на објективните факти и директната комуникација со Кримјаните“, истакнаа во МНР РФ.  

Освен тоа, „ни имало смисла да се обрне внимание пред сѐ на реалните кршења на правата на жителите на Крим“ кои беа предизвикани од „водната, транспортната, енергетската и прехранбената блокада на полуостровот од страна на украинските и кримско-татарските националисти“ при „целосна попустливост на властите на Украина“, истакнуваат од рускиот дипломатски ресор.

„Поради тоа повикот на ЕУ до државите-членки на ООН да се воведат санкции против Русија изгледа лицемерно. Уште еднаш потсетуваме дека Крим и Севастопол се нераскинлив дел на Руската Федерација, и методите на политички и економски притисок кон кои ЕУ толку упорно прибегнува во последно време се апсолутно бесперспективни и неспособни да го променат тој факт“, изјавија од руското МНР, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња