Слаткиот вкус на рускиот Велигден

Кулич, традиционален руски велигденски колач, кој во сабота наутро се носи во црква на осветување. Фотографија од слободни извори

Кулич, традиционален руски велигденски колач, кој во сабота наутро се носи во црква на осветување. Фотографија од слободни извори

Поголемиот дел од жителите на Русија денес мошне свечено го прославија Велигден со кулич, традиционален руски велигденски колач, и со вапсани јајца. Сепак, за голем број Русија славењето Велигден не е толку поради верата, колку што е еден од факторите на нивниот национален идентитет.

Додека на Запад Божиќ се смета за најголем празник кој мошне свечено се прославува, во Русија ова почесно место го зазема Велигден. Резултатите од истражувањето кое уште пред десетина години на територијата на цела Русија го спроведе Серускиот центар за истражување на јавното мислење покажува дека Велигден е најзначаен религиски празник во земјата и дека се наоѓа на трето место според бројот на празниците што се слават, веднаш по Нова година и роденден.

ВО БРОЈКИ 

84%

од Русите Велигден ќе го прослават со вапсување јајца и со печење кулич 

2%

од 71% од жителите на Русија кои себеси се сметаат за православни христијани строго ги почитуваат законите на Великиот пост 

53.000.000

јајца обично се продаваат во Москва во текот на неделата пред Велигден 

700

Тони кулич (руски велигденски колач) месат московските пекарници

Всушност, за голем број Руси прославувањето на Велигден не е толку поради верата, колку што е еден од факторите на нивниот национален идентитет. Подготовките за овој празник изискуваат придржување кон определени обичаи, од кои многу се од религиозна природа, но мнозинството е дел од народната традиција. 

Во Русија стар обичај е куќата темелно да се исчисти во четвртокот пред Велигден. На Чист четврток, како што го нарекуваат, сите ги чистат домовите. Следното утро многу куќи мирисаат на тесто, кое полека нараснува, за попладне да биде подготвено за печење. Од ова тесто се прават куличи – високи велигденски колачи. Друг обичај е вапсувањето јајца. Голем број луѓе до денешен ден собираат лушпи од кромид многу пред првата пролетна полна месечина, која, според првобитната идеја на творецот на календарот, би требало да го определува датумот на прославата на православниот Велигден. Тие можеби не знаат зошто за Велигден се вапсуваат јајца, но точно знаат колку лушпи од кромид се потребни и колку долго треба да ги варат јајцата за да се добие потребната нијанса на светло црвената боја.

Стари руски велигденски обичаи и верувања
Велигден е еден од двата најголеми христијански празници. Секој народ, без разлика на верата, има свои обичаи. За Велигден во Македонија постојат определени народни и месни обичаи. Русија, исто така, си има „свои“ велигденски обичаи, кои се разликуваат од традиционалните македонски. Дел од нив со текот на времето се заборавени, но дел останале да живеат до денешен ден.

Резултатите од истражувањето за прославувањето на Велигден што во 2006 година го спроведе „Левада Центарот“ повеќе наликува на маркетиншка студија за фармите за производство на јајца, одошто на истражување за религиските обичаи. Испитувањето покажало дека 84% од Русите овој празник го прославуваат со вапсување јајца и печење кулич. Во престолнината за време на седмицата пред Велигден просечно се продаваат 63 милиони јајца, а московските пекарници подготвуваат 650 до 700 тони кулич (според податоците на Одделението за потрошувачкиот пазар и услугите на градот Москва). 

Според православните преданија јајцето е симбол на нов живот и тоа мора да биде црвено, зашто тоа е бојата на крвта што Христос ја пролил за проштевање на гравовите на сите луѓе. Велигденските јајца и куличот се носат во сабота наутро во црква за да се осветат. 

Не е лесно да се подготви споменатата храна зашто не е дозволено таа да се вкуси. Великиот пост, четириесет дена пред Велигден, за време на кој побожните православни верници не консумираат шеќер, месо и млечни производи, завршува во недела по литургијата. Држењето на Великиот пост е верски обичај кој помалку се почитува од народната традиција на вапсување јајца.

Како Русите го слават Велигден
Денес православните христијани го слават Велигден. Тоа е најголемиот празник во христијанскиот календар. Во советско време не се поддржувало учеството во велигденските празнувања, па како резултат на тоа велигденските традиции биле заменети со нови – советски, кои црквата особено не ги одобрува.

Меѓу 71% од жителите во Русија кои се сметаат за православни христијани, само 2% се придржуваат до одредбите на Великиот пост, околу 20% ги почитуваат во помала или во поголема мера, додека околу 80% воопшто не се придржуваат – ова е резултатот од истражувањето на „Левада Центарот“. Присуството на Велигденската литургија поради прославување на Христовото воскресение од мртвите исто така не е многу распространето. Помалку од 300.000 од московјаните присуствувале на служба за Велигден во градските цркви во 2011 година. За град со повеќе од 10 милиони жители, ова не е голем број. 

Литургијата завршува околу 3 часот изутрина, кога свештеникот конечно ќе извика; „Христос воскресе!“, а насобраните наглас трипати ќе одговорат: „Ваистина воскресе!“. Ова е најрадосниот момент во православниот црковен календар. Затоа и не е зачудувачки што луѓето си ги честитаат празникот бакнувајќи се. Конечно, јајцата и куличот можат да се пробаат, зашто првата храна што се проба по постот треба да биде осветена. 

Во недела првата гозба започнува со трпеза полна со храна. Иако разновидноста на послужената храна секаде не е иста, на секоја руска трпеза за Велигден ќе се најдат пасхата, традиционален десерт од урда во облик на пирамида, како и кулич. Оние што толку долго постеле, сега можат да јадат колку што сакаат. Секако, ќе им се придружат и оние кои не постеле, а и тие ќе јадат колку што сакаат. Децата ќе тркалаат јајца по масата и ќе организираат натпревари во кршење со јајца за да се види кое е најцврсто. Никој нема да ги прекорува поради тоа, а можеби и ќе им се придружат возрасните. За време на Велигден сите, всушност, се чувствуваат како деца.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња