Полјаците почнаа масовно да купуваат руски продукти

Увозот на прехранбени производи со ознаката Made in Russia ги руши сите рекорди во Полска, пишува весникот „Метро“.

Полјаците почнаа масовно да купуваат руски прехранбени производи кои станаа поевтини како резултат на слабеењето на курсот на рубљата, пишува весникот „Метро“ повикувајќи се на податоци на Министерството за земјоделство и развој на селото на Полска.

„Увозот на прехранбени производи со ознака Made in Russia ги руши сите рекорди во Полска“, истакнува изданието.

По воведувањето на ембаргото од страна на Русија за испорака на прехранбени продукти од Европа како одговор на антируските санкции на ЕУ, полскиот извоз на продукти се намали за 30% до рекордно ниско ниво од 880 милиони евра. Истовремено, според податоците на Министерството за земјоделство на земјата, Полска во 2014 година откупила од Русија прехранбени производи за 160,6 милиони евра, што е за 78,9% повеќе од 2013 година. „Ваков бум на руски земјоделски производи никогаш немало“, пишува „Метро“.

Како што истакнуваат експертите, ваквата ситуација се јавува како резултат на слабеењето на рубљата. За Полјаците руските продукти станаа поевтини и полските бизнисмени почнаа активно да ги откупуваат земјоделските производи во РФ, со самото тоа поддржувајќи го рускиот земјоделец.

Сега веќе не доаѓаат само Руси од Калининградската област да купуваат во Полска, ами обратно, Полјаците одат во Калининградската област. Притоа граѓаните на Полска купуваат во РФ не само прехранбени производи и бензин, ами и други стоки, вклучувајќи електроника, пишува весникот.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња