Медиуми: Руското оружје ја прави Америка нервозна

Американскиот воен ресор заостанува во производството на роботизирано оружје, не само зад Русија и Кина, туку и зад комерцијалните компании.

Пентагон со сета сила се труди да ги стигне Русија и Кина во производството на роботизирано оружје, пишува американското издание „Дифенс Уан“.

На оваа тема беше посветен говорот на американскиот заменик-министер за одбрана Роберт Ворк на форумот за национална безбедност, нагласува изданието. Ворк истакна дека Кина и Русија значително напредувале во разработката на оружје за роботизирано војување. Во статијата се наведува дека компанијата „Уралвагонзавод“ најавила дека прототиповите на новата верзија на тенкот „Армата“ ќе бидат завршени за година и половина до две.

Кина на Светската конференција за роботи во Пекинг годинава претстави модели кои се способни да применат противтенковско оружје, минофрлачи и автоматски пушки.

САД планираат разработка на вештачка интелигенција во воени цели, но во тоа заостануваат не само зад Русија и Кина, туку и зад комерцијалните компании, пренесува РИА „Новости“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња