Наришкин: степенот на демократија за време на изборите во Радата предизвикува сомнежи

Спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин, смета дека степенот на демократија за време на претстојните парламентарни избори во Украина е под сомнеж поради граѓанската војна и големиот број бегалци, цензура и прогонување на политичките фракции.

Спикерот на Државната дума, Сергеј Наришкин, смета дека степенот на демократија за време на претстојните парламентарни избори во Украина е под сомнеж поради граѓанската војна и големиот број бегалци, цензура и прогонување на политичките фракции.

„Степенот на демократија и слобода за време на изборите треба да се земе предвид, бидејќи за време од неколку месеци беа распушени фракциите на две политички партии, и затоа се става под знак прашалник политичката конкуренција“, изјави Наришкин во саботата во интервју за руските информативни агенции.

„Може ли да се наречат изборите за слободни во услови кога има суштествени општествени ограничувања, како и ограничувања во средствата за масовна информација и нема слобода на говор?“, изјави спикерот на Државната дума.

Како илустрација може да послужи фактот дека руските телевизиски канали се затворени, а најголемиот дел од руските новинари се наоѓаат во т.н. „црни списоци“, неколкумина биле цел на измачувања и насилство, а четворица се убиени.

Освен тоа, Наришкин се сомнева во легитимноста на изборите поради големиот број бегалци. „Како што е познато, околу милион граѓани на Украина ги напуштија своите родни места, спасувајќи се од смртта. Околу 815.000 лица ја преминаа границата и дојдоа во Русија. Очигледно е дека голем дел од тие луѓе физички не можат да учествуваат во изборите“, изјави спикерот на Државната дума. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња