Шефот на комитетот за мониторинг на ПССЕ вети дека ќе ја врати Русија во собранието

Шефот на комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа Стефан Шенах вети дека ќе стори сѐ што може за да ја врати делегацијата на Рф во собранието.

Шефот на комитетот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Стефан Шенах (Австрија) вети дека ќе стори сѐ што може за да ја врати делегацијата на Рф во собранието.

Во интервјуто за весникот „Комерсант“ тој раскажа дека тоа ќе може да се направи со специјална покана. „Јас ќе сторам сѐ за да најдам начин да ја вратам руската делегација во ПССЕ и да ја затворам таа пукнатина во нашите односи. Се надевам дека гласањето што го имавме во средата – најверојатно под влијание на непотребни емоции, - нема да го прекине нашиот дијалог“, изјави Шенах. Тој прецизираше дека за решавање на наведеното прашање, за кое веќе дискутирал со генералниот секретар на Советот на Европа, ќе бидат потребни околу две недели.

Според Шенах, ден пред гласањето, предлогот што тој го дал за враќање на правото на глас на Русија во ПССЕ имал мнозинство од десет гласови. „Но, пота сосем неочекувано некои членови на комитетот преминаа на другата страна и гласаа за амандманите кои го претворија мојот текст во неговата потполна спротивност. И тоа се случи потполно неочекувано“, раскажа тој.

Тој исто така изрази надеж дека Москва „нема да реагира радикално“. „Апсолутно сум убеден дека без Русија не може да има мир во Европа. Убеден сум и дека не смее да се прекинува меѓупарламентарниот дијалог дури и во најтешките времиња“, истакна Шенах.

Руската делегација го напушти Парламентарното собрание на Совето на Европа. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња