Русија ја повика Германија да помогне во испораката на хуманитарната помош на истокот на Украина

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на телефонскиот разговор со шефот на МНР на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, го разгледаа прашањето за хуманитарната криза во Украина.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, за време на телефонскиот разговор со шефот на МНР на Германија, Франк Валтер Штајнмаер го разгледаа прашањето за хуманитарната криза во Украина. Министерот за надворешни работи на Русија го повика својот германски колега да ги искористи сите можности за да влијае на испораката на хуманитарната помош на југоистокот на Украина. Ова се кажува во соопштение на интернет-страницата на руското МНР.

„За време на разговорот министрите го разгледаа за развојот на актуелната ситуација во Украина. Притоа, посебно беше акцентирано понатамошното заострување на хуманитарната криза на југоистокот на државата, кое се заканува да предизвика катастрофални последици за населението кое живее во тој регион“, се кажува во соопштението.

Шефот на МНР на Русија забележа дека е неопходна итна испорака на хуманитарна помош во зоната на конфликтот и забележа дека во соработка со украинската страна и претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст е создаден и испратен хуманитарен конвој кон Украина.

„Рускиот министер го повика својот германски колега да ги искористи сите можности за реализација на оваа хуманитарна акција...“, се подвлекува во соопштението. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња