2012 година „Гаспром“ ја пречека како најпрофитабилна компанија во светот: чистиот профит во 2011 година изнесуваше 44,5 милијарди долари, додека кај ExxonMobil таа изнесувала 41,6 милијарди долари. Но стабилната состојба на овој концерн завршува: во текот на целата година од сите страни добиваше удари.
Благосостојбата на гасниот гигант е нарушена од „револуцијата на гас од шкрилци“ во САД. Бурниот раст на производството на евтин гас од шкрилци е закана за „Гаспром“, чиј профит е составен 75% само од производството и трговијата со гас. Неколку години во „Гаспром“ се однесуваа скептично, а потоа дури насмешливо, додека неочекувано, опасноста од новонастанатата ситуација застана директно пред компанијата. Според оценката на Министерството за економија и економски развој, проблемите со продажба на гас во Европа ќе почнат да се појавуваат веќе во 2016 година.
А проблемите во Европа веќе започнаа: во септември Европската комисија даде старт за антимонополската истрага за компанијата. Властите на Европската Унија го обвинуваат „Гаспром“ за делење на пазарот на гас, ограничување на испораките и определување на нефер цени. На концернот му се заканува казна до 10 милијарди евра. Европјаните сметаат дека цените на рускиот гас се неосновано зголемени, а долгорочните договори – неоправдани.
Освен проблемите на меѓународен план, кај „Гаспром“ се појавија проблеми и на внатрешен план. „Гаспром“ се судри со раст на испорака на гас од независни произведувачи, кои веќе обезбедија 25% од пазарот.
Сето ова влијаеше на резултатите на „Гаспром“: веќе во првата половина од годината, чистиот профит падна за 33% во споредба со истиот период во 2011.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче