Украина веќе неколку години бара намалување на цената на гасот од Русија. Од „Гаспром“ изјавуваат дека во 2013 година, цената на гасот за Украина може да се намали до 352 долари за илјада кубни метри метар гас, наместо сегашните прогнозирани 420 долари. Како што изјавуваат во „Гаспром“, не станува збор за специјални намалувања, туку за промена на цената поради измени во конјуктурата на пазарот, со што и цените за Европа ќе се изменат.
Според договорот кој Русија и Украина го имаат потпишано, обемот на гас кој Русија ќе го испорача на Украина во 2013 изнесува 40 милијарди кубни метри, иако Киев изјави дека сака да купи само 18 милијарди кубни метри гас. Вредноста на рускиот гас за Украина се пресметува според формула која е запишана во договорот од 2009 година, со времетраење од 11 години, кој го потпиша тогашниот премиер на државата, Јулија Тимошенко.
Според таа формула, основната цена за гасот изнесува 450 долари за илјада кубни метри. Цената за гасот се пресметува квартално, тргнувајќи од средната цена на нафтените продукти во Европа во периодот од девет месеци. На таа цена се додава и попуст од 30%, но не повеќе од 100 долари за илјада кубни метри. После промената на власта во Украина, Киев веднаш почна да ја оспорува таа формула, обидувајќи се да добие од „Гаспром“ промени и дополнителни попусти. Сепак, за било какви попусти на Украина, во Русија никој не спомнува. Москва беше подготвена да ја намали цената на гасот во замена за стапување на Украина во Царинскиот сојуз. Тоа прашање требаше да се расправа на планираната средба, која подоцна беше откажана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче